Лиле Микова, мајка херој: „На 1 година му донирав дел од мојот црн дроб на син ми - само сакав да го спасам“

„Утрото нè подготвија за операцијата во Истанбул - и мене и мојот син. Сите тројца заедно со сопругот се помоливме на Бога и се препуштивме во божји раце. Синот Ведран остана неколку денови под посебен надзор, тоа беа најдолгите часови исполнети со надеж, вера и неизмерна желба нашето дете да добие шанса за живот“, вели емотивно Лиле Микова од струмичко за CRNOBELO.com, која денес е среќна мајка на 10-годишниот Ведран и на Васил (13).

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-01.jpg

Лиле Микова (36) од Колешино, струмичко, работи како физиотерапевт во „Цар Самуил”, Банско, сопруга е на Зоран и мајка на два сина Ведран (10) и Васил (13).

Лиле на синот Ведран кој се соочил со тешка дијагноза на само 2 месеци живот, а веќе на 1 година се борел за живот - му донирала дел од својот црн дроб за да го спаси.

Денес Ведран е среќно и здраво дете, кое ужива да оди на училиште и да се дружи со другарчињата, а Лиле е пресреќна мајка.

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-001.jpg

Лиле ја споделува својата храбра и инспиративна приказна за CRNOBELO.com:

Кога првпат дознавте дека на вашето дете му е потребна трансплантација? Поради која дијагноза? Како изгледаше тој момент за вас како мајка?

На мојот син Ведран на само два месеци му беше поставена дијагнозата Билијарна Атрезија - роден без жолчни каналчиња.

Дијагнозата беше поставена од страна на проф. д-р Соња Бојаџиева и проф. д-р Ацо Костовски. Огромна благодарност до целиот тим на гастроентерохепатологија и до сите медицински сестри и лекари од Одделот за педијатрија - Струмица кои ни пружаа неизмерна грижа, нега и беа достапни за нас во секое време - тогаш, а и сега.

По поставувањето на дијагнозата бевме упатени на Детска хирургија за да се направи „Касаи“ оперативен зафат, со надеж дека каналчињата ќе профункционираат.

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-03.jpeg

За жал, зафатот беше неуспешен. Тогаш, д-р Ристо Симеонов, детски хирург, ни кажа дека единствен спас е трансплантација, бидејќи веќе имаше цироза и црниот дроб беше сериозно оштетен.

Тоа беше огромен шок за нас – страв, паника и чувство дека светот ни се руши. Но, и покрај сето тоа, ја почувствуваме поддршката и човечноста на лекарите, кои ни дадоа сила да продолжиме да се бориме.

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-07.jpeg

Колку години имаше синот Ведран кога заминавте за Истанбул? Зошто се одлучивте операцијата да биде таму?

За Турција заминавме кога Ведран имаше само една годинка. Дотогаш беше под постојан надзор на д-р Ристо Симеонов и преблагодарни сме на овој човек со златно срце и лекарскиот тим за трансплантација од Турција.

Одлуката за да биде извршена трансплантацијата баш во Турција беше донесена од страна на Фондот за здравство.

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-02.jpeg

Како знаевте дека сте соодветен донор? Кој друг се тестираше? Како течеше подготовката пред операцијата?

Тој период беше многу тежок за нашето семејство, исполнет со неизвесност, страв и постојана борба, но и со надеж дека ќе се избориме за неговиот живот.

За наша среќа, после сите испитувања за компитабилност имавме шанса за дарители и јас и неговиот татко.

Сепак, по проценките на лекарите, беше констатирано дека јас како мајка имам поголеми шанси за успешна трансплантација.

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-06.jpeg

Кој ви објасни што точно значи процесот на донирање на орган? Дали одлуката за донирање орган беше тешка?

Целата постапка околу трансплантацијата ни беше детално објаснета од лекарите во болницата Memorial Hospital Istanbul во Турција.

Таму тимот предводен од еден од најдобрите хирурзи за трансплантација на црн дроб д-р Koray Acarli ни објасни сè, чекор по чекор.

Во најтешките моменти во туѓа земја и под постојан страв, огромна помош, поддршка и сила за да продолжиме понатаму имавме од човекот кој беше задолжен за нас Македонците - Кадир Аруч. Тој ни беше достапен 24/7 тогаш, а и ден денес.

Одлуката за донирање орган воопшто не ми беше тешка затоа што во мисли единствено ми беше само спасот на моето дете. Ништо друго.

lile-mikova-majka-heroj-na-1-godina-mu-donirav-del-od-mojot-crn-drob-na-sin-mi-samo-sakav-da-go-spasam-04.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg