Викторија од Скопје е во брак со Американец: „Живееме во Македонија и во САД, ги славиме и нашите и неговите празници“

Јас сум половина Американец, половина Мексиканец, а културата на Балканците ми е многу блиска до моите мексикански корени. Важноста на семејството и заедницата се многу слични.

viktorija-od-skopje-i-brendin-od-sad-11.JPG

Уште учам македонски јазик и навистина уживам, но некогаш, кога луѓето зборуваат многу брзо, тешко ми е дури и да ги слушнам зборовите што ги кажуваат.

Едно нешто што ми е вистински предизвик во Македонија е непрофесионалноста во администрацијата. Многу често ни треба трипати повеќе време да поднесеме документ или да платиме сметка или да ни завршат нешто во Скопје, отколку во САД.

Во САД обично најголем приоритет е да им се олесни процесот на клиентите. И, исто така ме шокира колку е прифатено ова.

viktorija-od-skopje-i-brendin-od-sad-06.JPG

Викторија, како беше прифатена ти во САД? Како се снаоѓаше? Што ти недостасуваше најмногу, а што не ти се допаѓаше?

Во САД заминав на почетокот на 2022 година, таму бев 4 години. Бев прекрасно прифатена од семејството и пријателите на Брендин.

За снаоѓање е прилично едноставно, особено кога има кој да ти помогне да се адаптираш - од тоа да ти посочи кои продавници се подобри за тоа што го бараш, до тоа да се чувствуваш сигурен, како и за поддршка низ целиот административен процес.

viktorija-od-skopje-i-brendin-od-sad-10.JPG

Покрај моите најблиски, секако ми недостасуваше нашата храна и начинот на кој и за најмалиот повод знаеме да се собереме и да прославиме. Тоа многу ретко се случуваше таму, луѓето се некако отуѓени.

Во преубавото Колорадо, во гратчето каде што живееме (Естес Парк) постојат прекрасни глетки, национални паркови со прекрасна природа и диви животни како елкови, мечки и диви мачки.

Колорадо си има безброј свои убавини, а единствено ми претставуваа проблем беа долгите зими и ветровите кои се прејаки.

viktorija-od-skopje-i-brendin-od-sad-04.JPG

Има ли големи културни разлики помеѓу Македонците и Американците? Како ги надминувате?

И во самата Америка постои разлика во културата од едно до друго место поради тоа што е збир од различни култури, па затоа е тешко да се спореди цела Америка наспроти Македонија.

Но, можам да издвојам една заедничка карактеристика на Американците што нам и те како ни недостасува, а тоа е чувството за свест и грижа кон јавните места. Голем дел од жителите самоиницијативно прават проекти и се грижат за јавните места како што се библиотеките, рекреативните центри, паркови и слично.

Тоа навистина се чувствува секојдневно, кога ќе се изгради игралиште, на пример, тоа останува сочувано.

viktorija-od-skopje-i-brendin-od-sad-08.JPG

Како ги усогласувате различните празници, традиции и слично?

Ние се трудиме да ги запазиме сите празници од двете страни како би можеле да ѝ ги покажеме културата и традициите на нашата ќерка.

Уживаме во прославите на Thanksgiving (Денот на благодарноста) и Halloween (Ноќта на вештерките), подеднакво исто како и за нашите традиционални слави, имендени и други православни битни денови.

viktorija-od-skopje-i-brendin-od-sad-09.JPG

Дали семејството на Брендин има дојдено во Македонија? Какви им беа импресиите? Дали би се вратиле пак?

Семејството на Брендин има дојдено во Македонија двапати. Првиот пат беше во 2021 година за да се запознаат со моите. Тогаш се сретнаа со македонската култура за првпат.

Најмногу им оставија впечаток Матка и пештерата Врело, беа воодушевени од македонските носии и филиграни, посетија неколку ресторани во кои се заљубија во македонската кујна.

Тие дојдоа повторно оваа година за велигденските празници и си поминаа прекрасно, особено што овој пат дојдоа да ја видат нивната внука Теодора.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Марија од Куманово и Ваман од Индија: „Се запознавме во Лондон, сега живееме в... „Тој дозна за Македонија кога се запознавме. Јас живеев во Виена, а тој доаѓаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg