Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фото)
- Детали
- недела, 21 јуни 2026
„Мојот моден стил би го опишала како елегантен, женствен и внимателно усогласен. A мој најдобар пријател е Дајк - тој има навистина посебен карактер. Не се приврзува лесно за секого, не сака внимание од секого и внимателно ги избира луѓето што ги пушта во својот свет (понекогаш мислам дека неговиот карактер се поистоветува со мојот карактер)“, вели Ана Даја Гри (29) од Скопје за CRNOBELO.com за далматинецот Дајк, но и љубовта кон модата.

Ана Даја Гри (29) од Скопје, по професија е моден дизајнер, но и девојка со навистина впечатлив моден стил.
Вели дека елеганцијата ѝ е препознатлив знак, а омилено друштво во секоја пригода ѝ е нејзиниот миленик, далматинецот Дајк, кој го чува веќе 7 години.
Таа вели дека дури и карактерите им се слични, односно се навистина внимателни кого пуштаат во својот свет.

Ана ја споделува својата приказна, но и страст за мода за CRNOBELO.com:
„Потекнувам од семејство кое отсекогаш ги негувало вистинските вредности, почитта и амбицијата. Токму тие принципи ме обликуваа во личност каква што сум денес.
Доаѓам од семејство во кое трудот, посветеноста и амбицијата отсекогаш биле на прво место.

Мојот татко цел живот успешно работи во угостителството и поседува ресторани, а јас сум активно вклучена во семејниот бизнис.

Токму тој е мојот најголем идол и пример за човек кој со работа, визија и истрајност може да изгради успешна приказна и верувам дека семејната поддршка, љубовта и стабилноста се темелот на секој личен и професионален успех.
Секојдневно се трудам да ја балансирам својата кариера, личните интереси и времето поминато со најблиските, бидејќи токму тие моменти ми носат најголема исполнетост и инспирација.

Мојот моден стил би го опишала како елегантен, женствен и внимателно усогласен.
Верувам дека облеката е начин на изразување на личноста, па затоа секогаш се трудам да изгледам уредно, префинето и со вкус.

За мене, елеганцијата не е само во скапите парчиња облека, туку во начинот на кој една жена се носи, во нејзините манири, самодоверба и внимание кон деталите.

Омилени модни додатоци ми се чевлите , чантите и очила за сонце. Сметам дека токму деталите ја прават разликата и му даваат препознатливост на секој стајлинг.

За подготвување за излегување најчесто ми се потребни околу 45 минути до еден час, во зависност од настанот.
Мој препознатлив детаљ се секогаш уредната коса, внимателно избраните модни додатоци и елегантните комбинации кои никогаш не изгледаат претерано.
