Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фото)
Голем љубител сум на животни, а мојот миленик Дајк е неизоставен дел од моето секојдневие.
Неговата безусловна љубов, верност и енергија ми носат радост и ме потсетуваат колку се важни искреноста и едноставните моменти во животот.

Дајк, мојот далматинец, oткако стана дел од мојот живот, се променив на многу позитивен начин.
Ме направи посмирена, потрпелива и поодговорна личност. Секој ден поминат со него ме потсетува колку се важни љубовта, лојалноста и уживањето во малите моменти, а токму тие вредности ми помогнаа да гледам на животот со уште поголема благодарност и позитивна енергија.

Моето куче е многу повеќе од миленик – тој е моето најомилено друштво, првото мое слободно време е секогаш за прошетка и време за него.

Мојот Дајк има навистина посебен карактер. Не се приврзува лесно за секого, не сака внимание од секого и внимателно ги избира луѓето што ги пушта во својот свет (понекогаш мислам дека неговиот карактер се поистоветува со мојот карактер).
Но кога станува збор за мене, неговата лојалност и приврзаност се безгранични. Токму таа посебна поврзаност што ја имаме е нешто што многу го ценам и што ме потсетува колку се ретки и вредни искрените врски.

„Ако моето куче те сака, ќе те сакам и јас“, ова е една од моите омилени животни мисли.

Тој има навистина посебна интуиција и често ми се чини дека знае да ги процени луѓето, уште пред јас да создадам мислење за нив.
Неговите реакции многупати ми покажале дека животните чувствуваат многу повеќе отколку што мислиме.

Затоа секогаш му верувам кога станува збор за енергијата и присуството на луѓето околу мене“.

