Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фото)
Покрај стилот и облеката многу е важно жената да биде дама со манири, бидејќи вистинската убавина произлегува од однесувањето, културата и почитта кон другите.
Убавиот изглед остава прв впечаток, но карактерот е она што се памети и секако нејзиниот дух е печат како што би рекла јас на секоја една моја клиентка „Фустанот треба да го носиш ти, а не тој тебе“.

Трите модни правила од кои секогаш се водам се:
- Помалку е повеќе – едноставната елеганција секогаш победува.
- Секогаш избирај квалитет пред квантитет.
- Облеката треба да ја истакнува личноста, а не да ја засенува.

Мои омилени бои се црвена и сина, а највпечатливите модни изданија сум ги носела на свечени прослави, свадби и специјални настани каде што елеганцијата доаѓа до израз.

Кога патувам, се трудам однапред да ги испланирам комбинациите за секој ден и најчесто успевам сè да спакувам во еден куфер. Организацијата е клучна, исто како и во модата.

Верувам дека добриот стил не е тренд, туку начин на живот. За мене модата е комбинација од самодоверба, елегалнција и автентичност, а најважно е секоја жена да се чувствува удобно и убаво во својата кожа и да се истакне себеси во најубавото светло

Веќе шест години сум дел од моето модно ателје, работа која ја извршувам со голема љубов и посветеност.
По природа сум перфекционист и секогаш внимавам на секој детаљ, бидејќи верувам дека токму деталите ја создаваат вистинската елеганција.
Најмногу сакам да работам со луѓе кои точно знаат што сакаат, но воедно имаат доверба да го сослушаат и мојот совет и визија, за заедно да дојдеме до најдоброто решение.

Мојата визија е ателјето да го издигнам на уште повисоко ниво. Тоа е мојата следна цел и проект на кој посветено работам, со желба креативноста, квалитетот и препознатливиот стил да допрат до поширока публика и надвор од границите на нашата земја.
