Ангел Ѓоревски има 2 локали за крофни на Малта: „Почетоците со документите беа тешки, работам со родителите, сестра ми и баба ми“
Во нашата понуда има уникатни крофни, слатки производи, македонскиот најдобар бурек и други свежи печива и кроасани подготвени со многу посветеност и љубов.


Македонците и Балканците на Малта отсекогаш ни давале голема поддршка, за што сме им неизмерно благодарни.
Но особено сме горди што и локалното население ги прифати и ги засака нашите производи.

Нашите крофни и бурек станаа едни од најпрепознатливите производи во понудата и секојдневно добиваме позитивни реакции од клиентите.

Неодамна бевме препорачани од Restaurants Guru, што претставува голема чест и признание за нашата работа.
Воедно, нашите оценки и коментари од клиентите се меѓу највисоките на локалниот пазар, а тоа ни дава дополнителна мотивација секој ден да бидеме уште подобри и да продолжиме да го развиваме бизнисот.

Приказната на Donut Box & More започна како вистински семеен бизнис. На почетокот работевме јас, татко ми, сестра ми и баба ми, а подоцна ни се приклучи и мајка ми.

Денес, речиси целото семејство е активно вклучено во работата на нашите дуќани. Покрај Donut Box & More, мојата мајка успешно го води и Donut Van, со кој сме присутни на бројни локални фестивали и настани низ цела Малта.

Благодарение на тоа, нашите производи ги доближуваме до уште поголем број луѓе и стануваме сè попрепознатлив бренд на островот.