Ангел Ѓоревски има 2 локали за крофни на Малта: „Почетоците со документите беа тешки, работам со родителите, сестра ми и баба ми“

Горди сме што сме дел од речиси сите поголеми локални фестивали и манифестации на Малта, каде што илјадници посетители имаат можност да ги пробаат нашите крофни, бурек и останати специјалитети.

Покрај тоа, горди сме што успеавме да создадеме и нови работни места и моментално вработуваме уште околу пет лица.

Започнувањето бизнис на Малта носи многу предизвици, но истовремено нуди и големи можности за луѓето кои се подготвени да работат напорно и да веруваат во својата идеја.
Горд сум што како Македонец успеав да изградам успешен бизнис во странство и се надевам дека мојата приказна ќе биде мотивација за младите луѓе никогаш да не се откажуваат од своите цели.

Иако веќе десетина години живеам на Малта, Македонија секогаш ќе остане мојот дом и место кон кое сум силно поврзан. Верувам дека со искрена работа, посветеност и поддршка секој сон може да стане реалност.

На крајот, најголемата благодарност оди до моето семејство и до целиот тим што секојдневно работи со мене.
Заедно функционираме како едно големо семејство, се поддржуваме во сите предизвици и чекор по чекор ја градиме приказната и историјата на DONUT BOX MALTA“.
