Астро ќоше со астрологот Снежана М. Петкас: „Сопругот ми беше натално предодреден пред 16 години“
- Детали
- петок, 24 јули 2026
„Мојот хороскопски знак е Рак, но мојот подзнак е Јарец кој има многу поголемо влијание и од самиот знак во наталната карта. Многупати во животот имам донесено сериозни одлуки со помош на астрологијата, а повеќе тоа било на финансиско поле“, вели Снежана Миленкоска Петкас, астролог од Скопје.

Снежана Миленкоска Петкас е астролог од Скопје, а живее на релација Скопје - Грција.
Мајка е на две деца, Делфина и Рикардос, и веќе 16 години е во брак.
Во хороскоп е Риби, но вели дека себеси не може да си изработи натална карта, како што прави за другите.

Снежана М. Петкас на тема хороскоп:
Кој е твојот хороскопски знак? И дали си типичен претставник на знакот?
Мојот хороскопски знак е Рак, кој на последен степен преминува во Лав и ги носи карактеристики на двата знака натално.

Кој ти е подзнакот? И колку тој ти влијае? Кои карактеристики од твојот знак ги обожаваш, а кои ги мразиш?
Мојот подзнак е Јарец и тој има многу поголемо влијание и од самиот знак во наталната карта.
Со текот на времето низ животот научив да ги избалансирам сите мои карактеристики коишто не ми се допаѓале, а најмногу емотивниот Рак, додека подзнакот Јарец ми давал секогаш голема издржливост, а месечината во Вага да ги балансирам сите работи и да размислувам дипломатски.

Дали некогаш си донела одлука според хороскоп и каква?
Многупати во животот имам донесено сериозни одлуки со помош на астрологијата, а повеќе тоа било на финансиско поле, вложувања и се покажало дека биле правилно донесени.

Дали проверуваш љубовна компатибилност според хороскопски знак? Со кој знак најмногу си одговараш?
Проверувам љубовна компатибилност, а најмногу си одговарам со Стрелец.

Дали некогаш си престанала контакт со некого затоа што му бил „погрешен“ хороскопскиот знак?
Не сум прекинала никогаш контакт затоа што на некој му бил погрешен хороскопскиот знак, само имам поголема внимателност со таа индивидуа.
