Мила Србиноска (15) наша шампионка во танц: „Првпат освоив светска титула на 6 години, костимите ми ги шие баба ми“
Омилен филм/серија, книга, песна или артист?
Последниот филм што го гледав беше филмот за Мајкл Џексон и многу ми се допадна.
Немам омилена книга, но редовно ги читам лектирите што ги имаме на училиште.
Од музички артисти моментално најмногу ги слушам Асап Роки, ЕсДиКид, Чејс Атлантик, канје Вест и Дрејк.
Како сакаш да се облекуваш кога не си на натпревар?
Најмногу ми одговара street style - лабава, удобна и спортска облека.

А кој ти ги спрема костимите за настапите?
За моите соло настапи, веќе неколку години костимите ми ги шие баба ми, и тоа ми значи многу.
За останатите категории, како battle и popping, костимите најчесто сама ги избирам во консултација со тренерот Андријана Петковски.
Кога ќе излезеш на сцена пред силна конкуренција, што ти поминува низ глава во последните неколку секунди пред да почне музиката?
Секогаш се трудам да бидам максимално фокусирана.
Ја слушам музиката и се концентрирам да го почувствувам секој бит.
Во тие моменти не размислувам за ништо друго и не дозволувам ништо да ми го одвлече вниманието.

Ако не се занимаваше со танц, во која друга професија или уметност можеш да се замислиш?
Многу сакам да пеам. Луѓето што ме слушнале велат дека убаво пеам, па никогаш не се знае... можеби еден ден ќе снимам и своја песна.
Кој совет би им го дала на децата и тинејџерите во Македонија кои сонуваат да станат шампиони, но понекогаш се обесхрабруваат од неуспесите?
Да бидат упорни, дисциплинирани и истрајни. Ниту еден успех не доаѓа преку ноќ.
Секој сон може да стане реалност ако доволно работиш на себе, веруваш во своите способности и никогаш не се откажуваш, дури и кога ќе се соочиш со неуспеси.
Токму тие моменти најмногу нè учат и нè прават посилни.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело