Урбан лик: Филип од Скопје е маж со впечатлив моден стил, вљубеник во фитнес и тетоважи
Процесот на тетовирање бара издржливост, но јас не сум правел долги сесии со часови, туку пократки и чести.
Истрајност и упорност треба за сè во животот, ништо што вреди не доаѓа преку ноќ.
Ако ме прашате за болката, најмногу ме болело на внатрешната страна на дланката.
Дали сум избришал некоја тетоважа? Не сум избришал ниту една и ништо не би тргнал.
Што се однесува до предрасудите, со оглед на тоа што мојата магистерска теза беше токму за „Автентично лидерство“, туѓите мислења не смеат да ја диктираат твојата реалност.
Во тој поглед, не се оптоварувам со предрасуди.

Мојот моден стил најдобро би го опишал со две збора: минималистички перфекционизам.
Тоа е токму она што го сакам и што го продавам преку мојот бренд.
Љубовта кон модата произлегува од потребата за естетика која не вришти, туку остава впечаток преку кројот, материјалот и ставот на тој што ја носи.
На патувањата многу внимавам на стилот - сакам да ми е удобно, но секогаш да изгледам средено.

А фитнесот за мене не е само тренинг, тоа е начин на живот и хигиена на умот.
Мојот тренинг никогаш не трае подолго од 40 до 60 минути.
За добар тренинг апсолутно нема потреба од класична теретана или скапи реквизити - потребно ти е само простор колку да застанеш, и можеби минимална опрема како ластици или кетлбел.

Така што, изговори не постојат.
Токму затоа и ја создадов Futuriva апликацијата. Преку неа, сите членови можат да вежбаат онлајн заедно со мене, без разлика каде се наоѓаат.
Но, визијата е многу поголема од само онлајн тренинзи. Преку апликацијата ја градам нашата заедница за различни физички настани, патувања и мастермајнд викенди.

Дали ми се случува да ме мрзи да одам на тренинг? Секако, сите сме луѓе.
Но, мотивацијата е минлива, дисциплината е таа што останува. Во тие моменти не си давам „слободен ден“, туку се потсетувам на моето мото - јас сум главната улога во мојот филм.
А главниот херој не се откажува кога е малку тешко.“
