Чевларот Филип Костовски: „Не е точно дека чевли поправаат само луѓето кои немаат пари за нови“

Филип Костовски е 29-годишен скопјанец кој со љубов говори за чевларскиот занает и вели дека не разбира зошто младите луѓе ги потценуваат занаетите, наместо да ги изучуваат и потоа да бидат сами свои газди.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-01.jpg

Велат дека добрите чевли ќе ве однесат на добри места и дека со вистинскиот пар чевли лесно може да го освоите светот. Филип Костовски e 29-годишeн скопјанец, кој верува во ова и се труди на скопјани да им овозможи обувките секогаш да им бидат во совршена форма.

Тој со чевларскиот занает се занимава веќе девет години. Постојано e во фаза на учење и надградба и во тек е со сите новости околу поправките на чевли.

Неговата љубов кон овој занает нè инспирираше да проговориме со него:

Чевларството како да е занает во изумирање, особено кога станува збор за младите... Што мислиш зошто работите се движат токму во оваа насока?

Токму така, овој занает се повеќе навлегува во изумирање. Жалосно е тоа што 90% од младите се одлучуваат да продолжат на факултет, а не да усовршат некој од занаетите и да успеат да заработуваат сами за себе, да не зависат од некој газда да ги тапка по рамо за 200/250 евра плата и да одат во 3 смени на норма.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-02.jpg

Како се одлучи за занаетот чевлар и како изгледа еден твој работен ден?

Секој млад човек по средното образование се одлучува што да прави понатаму во животот, па така и јас. Одлучив да најдам каква било работа, пробав повеќе од 10 различни професии и случајно како последна се погоди чевларскиот занает. Воопшто не ни очекував дека ќе бидам ова што сум денес - сопственик на свој чевларски дуќан.

Се пронајдов во овој занает и така одлучив да го усовршам за еден ден да не зависам од други газди и претпоставени. Мојот работен ден е навистина интересен, барем за мене. Доаѓаат различни луѓе со секакви проблеми и предизвици за поправка на чевли.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-04.jpg

Во медиумите беше актуелен по изработката на најголем чевел во светот, кажи ни нешто повеќе околу тоа. Од каде идејата и на кратко како изгледаше процесот?

Благодарение на некои од медиумите имав шанса да ја прикажам мојата изработка на најголемиот женски чевел во светот за во книгата на Гинисови рекорди. Комплетно мое дело со премногу вложен труд, но за жал од финански причини не бев во можност да ја испратам во Америка во седиштето на Гинис и тоа да биде официјално.

Инаку, идејата ми дојде случајно кога на интернет ми се појави претходниот рекорд од најголем чевел, па ми дојде желба да се предизвикам да направам нешто поголемо и поинтересно, прво за себе, па потоа и за да им ги прикажам моите способности на другите.

Чевелот го работев околу 4 месеци, па поради прекин на постапката за во Гинис, сега се наоѓа во мојот дуќан за поправка на чевли.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-05.jpg

Со какви барања најчесто доаѓаат кај тебе клиентите?

Па, не можам да издвојам кои се чести поправки затоа што има буквално сè.

Одлепени, оштетени чевли, изработка на влошки, патенти, флекници, кратење на потпетици, се само дел од поправките што ги извршувам.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-07.jpg

Дали добро се заработува од чевларскиот занает?

Можам да кажам дека се заработува.  И, иако повеќето мислат дека чевли на поправка носат луѓе кои немаат пари за нови, вистината е дека чевли на поправка носат луѓе кои скапо ги имаат платено чевлите и луѓе кои сакаат нивните обувки да бидат во совршена форма.  

Се заработува затоа што луѓето повеќе гледаат да е квалитетно поправено и да трае, отколку евтино да поминат и да  треба по еден ден да ги поправаат чевлите повторно. Кај таков мајстор тие не се враќаат никогаш повеќе. Моето мото е: „Квалитетот пред сè“.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-03.jpg

Колку чевлите говорат за личноста? Колку Македонците ги следат светските трендови во поглед на изборот на обувки?

Најчесто чевли поправаат припадничките на понежниот пол. Тие сакаат да бидат средени. Свесни се дека нивните чевли говорат многу за нив и затоа сакаат да бидат скоцкани од глава до петици.

Може да се каже и дека според нашиот стандард добро се држиме околу следењето на трендовите за обувки, но грешка е што повеќето гледаат на високата цена и името на бренд, отколку на квалитетот на обувките.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-09.jpg

Каде го учеше овој занает?

Занаетот го учев кај еден постар чевлар, но потоа се префрлив и во индустријата на производството на чевли.

Во фабриката се учи сè од почеток, па до финален производ, односно целосната постапка како се изработуваат чевли што е навистина интересно.

Таму научив многу работи кои сега му служат.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-07.jpg

Која е најдобрата и најлошата работа во овој занает?

За мене најдобра и најинтересна работа е што секој ден доаѓаат луѓе за разни поправки и со тоа имам разни предизвици за работа, а најлошата е што не сакам ценкање и потценување на мојот труд и споредби која услуга колку чини кај друг колега, а тоа неретко ми се случува.

Чест му укажувам секого, но навистина не сакам непочит кон мојата работа и вложениот труд.

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-06.jpg

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-11.jpg

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-10.jpg

chevlarot-filip-kostovski-ne-e-tochno-deka-chevli-popravaat-samo-lugjeto-koi-nemaat-pari-za-novi-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Татко од Велес со синот (5) кампува во природа, прави лулашки, пали оган и го учи како да преживее „Живот во природа, бушкрафт, кампување, преживување. Ова е она што го правиме со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg