Од златните раце на Филип Митевски: Неговите декорации со храна се вистинска уметност (фото)


Од златните раце на Филип Митевски: Неговите декорации со храна се вистинска уметност (фото)

Талентираниот Македонец успеа да ги воодушеви и Германците со своите дела. Вели дека ја обожава својата професија food designer, а работата во Германија го научила што е дисциплина и почитување на правата на работникот.

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-01.jpg

Филип Митевски има 37 години, роден е во Куманово, а моментално живее во германското гратче Грисхаим. Работи како food designer во сиџирот на хотели „Maritim“.

Фотографиите од неговите декорации со храна говорат доволно гласно за неговиот талент.

Сепак, одлучивме да проговориме со него околу тоа што точно значи професијата food designer:

Работиш како food designer, што подразбира оваа професија и дали во македонските ресторани се вработуваат луѓе на оваа работна позиција?

Точно така, најпрво да објаснам за терминот food designer кој е сврзан со две работи кои секогаш одат заедно - знаењи и пракса.

Лицата кои се занимаваат со food design поседуваат страст за готвење, техники, вештини од поле архитектура и вклучително уметност. Дизајнот е на прво место. Tој е еднаков на креативност, иновација, решение и конзистенција и за крај многу пракса.

Мислам дека во Македонија постојат многу креативни луѓе во секоја област, па така и во оваа.

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-03.jpg

Најдобрата и најлошата страна на работењето во Германија...

Јас лоша страна досега немам сретнато со мојата работа, но добри има многу и тоа дисциплината, одговорноста , почитувањето на работникот, како и наградите за вложениот труд.

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-07.jpg

Што мислиш за трендот на Инстаграмџики, кои промовираат храна од разни локали преку своите фотографии? Дали тоа е најдобриот начин на промоција во денешно време?

Искрено ја многу ги почитувам т.н. food bloggers, тие секогаш се во тренд затоа што презентираат нови техники и се насекаде низ светот, па така ние учиме постојано се надградуваме и надополнуваме следејќи ги нивните објави. 

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-05.jpg

За која светска личност би сакал да сервираш оброк?

Мислам дека секоја презентација е важна. Сега луѓето сè поголем дел од своето време го поминуваат на социјалните мрежи од каде се информираат, а и самите дела се презентираат на овој начин.

Немам посебна личност на која би сакал да ѝ презентирам мое дело, секој гостин го заслужува истото. Јас сум задоволен кога гостинот е исполнет и задоволен од својата порачка.

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-02.jpg

Кое е твоето омилено јадење и дали визуелното продава сè повеќе?

Обожавам сè од македонската кујна и дефинитивно мислам дека визуелноста е многу важна, таа ја открива сликата на понатамошното формирање на вкусот на самото јадење.

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-08.jpg

На твоите фотографии гледаме уметност од храна, што е најтешко, а што најлесно за сервирање?

Кога има добра организација нема тешкотии. Оној кој си ја знае работата се снаоѓа во секоја ситуација.

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-06.jpg

Германија и германската кујна ги обожаваш затоа што...

Германија како земја ме научи на многу нови работи, а нивната кујна е одлична затоа што е полна со вкусови. 

od-zlatnite-race-na-filip-mitevski-negovite-dekoracii-so-hrana-se-vistinska-umetnost-foto-04.jpg

Дел од уметнички дела на Филип:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Интервју со Сара Вукелиќ:„Обожавам да цртам јапонски ликови, а можам д... 17-годишната Сара од Скопје црта уште од 4 години, вели дека преку цртањето ги и...
Тхе Мичо: „Колекционер сум на игри, играчки, стрипови - тоа ми е бегст... „Веќе 10-15 години собирам трансформерси, мастерси, инфинити, гејм оф тронс и ни...
Мексикански фанови на РК ВАРДАР: „Од љубов кон тимот, креиравме тим ВА... Инспирирани од љубовта кон нашиот РК Вардар, во Мексико во 2017 година е основан...