Одговори на најчестите прашања за корекција на усните со д-р. Роберт Стојовски, пластичен хирург

Постои ли опасност од алергиска реакција и други можни несакани ефекти?

Јас работам дванаесетта година филери и ботокс, сè уште немало алергиска реакција кај ниту еден клиент.

Доколку процедурата ја врши искусен лекар и се сертифицира за тие процедури и во медицинска установа која што има лиценца од „Министерство за здравство“ за работење на истите, секако дека компликациите се сведени на минимум и истите многу лесно се коригираат доколку ги има.

Во тој случај пациентот е безбеден, а тоа е најбитно.

Постојат ли некои препораки кои треба да се почитуваат пред и по третманот?

Седум дена пред третманот не треба пациентот да пие антикоагуланта терапија и витамин Ц, бидејќи истите придонесуваат за зголемено крварење и модринки.

48 часа пред интервенција пожелно е да не се оди на солариум, сауна, да не се пие алкохол, една недела да не се оди на стоматолог пред интервенцијата, дента да нема спортска активност, а по интервенција 14 дена да се избегнува истото.

За ботокс битно е да не се крева тешко 7 дена по негова апликација и 24 -48 часа да не се консумира алкохол.

Кај кои лица не се препорачува вметнување на филери?

Оние лица кои се во моментот на хемотерапија или имале хируршка процедура на лицето во следните 2 месеци.

Какво е чувството по третманот? Дали филерот може да се чувствува во усните?

Да секако дека се чувствува, но изгледа сосема природно.

Дали кај клиентите може да се добие токму она што го замислиле - како на слика од позната личност?

Многу често да, доколку одговара на нивната физиономија.

Кои се најчестите барања за корекција на усни кај жените во Македонија и дали имате и мажи пациенти?

Да имаме и мажи пациенти, но многу почести се жените и истите над 90% бараат природен изглед на усните.

Д-р. Роберт Стојовски е спец. пластичен хирург. Во неговата приватна ординација може да направите нехируршки третмани како филери, ботокс, прп, пилинзи, мезотерапии, третмани за згуснување коса, лифтинг на лице со комбинација од повеќе техники и хируршки третмани со локална анестезија (корекција на уши, очни капаци, отстранување бенки, масно ткиво, атероми, корекција на лузни, подигнување на веѓи, отстранување на враснати нокти, кожни карциноми и сл.).

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм Д-р. Роберт Стојовски



Би можело да ве интересира:

Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Миа (21), наш иден хирург: „Решив да станам доктор кога на 6 години ми открија дијабетес, а по компл... „Желбата да студирам медицина ми се јави на денот кога се разбудив поврзана на ч...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...

Најчитани неделава