Најчесто поставувани прашања за импланти во градите со д-р. Роберт Стојовски, пластичен хирург (18+)

Дали имплантите имаат рок на траење?

Со тие со коишто јас работам имаат доживотна гаранција и немаат рок на траење.

На што треба да внимава секоја жена со вградени импланти? Дали смее да спортува? Кревање тежина? Дали механички удар или повреда може да предизвика проблем на истите?

Најнормално се функционира како и пред операцијата по целосното заздравување.

Каде се прават резовите при зголемување на градите и дали останува видлив белег на градите по операцијата?

Јас најчесто работам инфрамамарно при што местото на резот за краток временски период заздравува и воопшто не се познава.

Кои се ризиците и компликациите при процедурата на зголемување на градите?

Како и секоја хируршка интервенција има можни компликации, но за среќа тие се малку на број и истите се возможни да се санираат.

Дали постои препорачана идеална големина на гради согласни телото на пациентката или сепак е прашање на избор?

Имплантите се ставаат по договор со пациентот, но према физичката градба на пациентката.

Дали имплантите може да влијаат на чувствителноста на брадавиците?

Да, може, но ретко, воглавно сè се враќа во нормала само по себе по одреден период.

Дали се чувствува болка и колку е поднослива?

Индивидуално од пациент до пациент е осетливоста на болка, истата е минимална и трае во првите неколку дена. Во тој период пациентката зема медикаменти против болка со цел истата да се минимализира.

Која е најчестата причина за импланти во градите кај жените во Македонија?

Во Македонија најчесто се пациентки кои имаат доено и со тоа настанало виснување или птоза на градите.

 Д-р. Роберт Стојовски е спец. пластичен хирург. Во неговата приватна ординација може да направите нехируршки третмани како филери, ботокс, прп, пилинзи, мезотерапии, третмани за згуснување коса, лифтинг на лице со комбинација од повеќе техники и хируршки третмани со локална анестезија (корекција на уши, очни капаци, отстранување бенки, масно ткиво, атероми, корекција на лузни, подигнување на веѓи, отстранување на враснати нокти, кожни карциноми и сл.).

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм Д-р. Роберт Стојовски



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...

Најчитани неделава