Бошко Тасиќ, спортски новинар: „Балканот има најжестоки навивачи, интервјуто со Новак Ѓоковиќ ми е незаборавно искуство“

Кој е најкомуникативен, а кој најнервозен по натпревар од македонските спортисти?

Не можам да издвојам никого од нив, би било неблагодарно. Барем јас скоро со сите наши спортисти и тренери, од кои со дел сум и пријател, не сум имал проблем околу изјава или интервју, максимално сум испочитуван од секого.

Тоа што сум како име и презиме денес е токму и благодарение и на нив и на нивната несебичност и срдечност во дадениот момент.

Каков е Новак Ѓоковиќ кон новинарите, какво е твоето искуство со него?

Вистински професионалец и пред сè човек. Број еден интервју кое го имам направено.

Го запознав во Белград 2013-та година на меч од Дејвис Куп кога буквално од штотуку завршен меч договорени со неговиот ПР тим излезе, се запознавме, даде изјава, потпиша топче и книга, се фотографираше без никаква мака или збор.

Од тој ден јас бев во контакт со неговиот ПР тим кој одлично си ја завршува својата задача. Го договоривме интервјуто кое го чекав две ипол години и го реализирав на 21-ви февруари 2020 година.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-08.jpg

За волја на вистината повторно бев на Белград Опен во април оваа година каде му подаривме и дрес од нашата фудбалска репрезентација, но поради строгите ковид правила сè беше префрлено на Зум платформата.

Забранет беше и секаков пристап до тенисерите со само следење на мечевите од овој турнир, но вети дека ќе дојде во Македонија, го чекаме тој ден кога ќе ја посети нашата држава.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-07.jpg

Најнемил настан при коментирање на меч…

Тука сигурно ќе се сеќавам на финалето од Фудбалскиот куп помеѓу Тетекс и Шкендија, како и четвртфиналето од машкиот кошаркарски куп помеѓу Лирија и КК Куманово.

Имаше немили сцени и инциденти за кои не е вредно да се зборува или да се трошат зборови.

Најубав меч за тебе досега е...

Ме стави на мака. Не знам искрено. Секој си има своја магија убавина и моменти на кои со задоволство се сеќавам.

Голема е минутажата којашто ја имам поминато на спортските борилишта, терени и натпревари кои се запаметани и оставиле убави спомени во мене.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-13.jpg

Која земја, односно клуб има најжестоки навивачи?

Балканот. Тоа е нешто посебно.

Која земја, односно клуб има најубави навивачки?

Хмм, пак ме фати во расчекор. Дефинитивно источноевропските земји и Скандинавија.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-12.jpg

Кога одиш на спортски натпревари во странство, имаш ли можност да прошеташ во земјата каде се одржува?

Секогаш има време. Особено кога се во прашање првенствата и слободните денови кои ги има помеѓу натпреварувачките денови. Тоа е можеби уште еден убав дел од оваа професија.

Сакаат ли спортистите да откриваат детали од приватниот живот?

Зависи. Треба да ги сфатиме и нив дека и тие се луѓе кои освен професионалниот живот имаат и приватен живот како и сите ние.

Според мене и не треба да се мешаме таму каде што не ни е местото и да го искористиме во нашата професија за евтини поени.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-04.jpg

Има ли дружба помеѓу спортските новинари на светските мечеви?

Да, постојат нема никаква дилема. Размена на искуства, информации, дружење, заемна помош. Остануваат и до ден денес пријателства и контакти кои се одржуваат.

boshko-tasikj-sportski-novinar-balkanot-ima-najzhestoki-navivachi-intervjuto-so-novak-gjokovikj-mi-e-nezaboravno-iskustvo-10.jpg

Спортски натпревар на кој сонуваш да присуствуваш еден ден е…

Неостварен сон сè уште ми се Олимписките Игри. Можеби потоа комплетно ќе бидам задоволен.

Сигурен сум дека ќе дојде и тој ден.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Даниел (32), дизајнер од Скопје, е сопственик на изложбен салон во Мил... „На почетокот делев студио и изложбен простор со друг дизајнер, но сега имам нез...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...
Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо Балерините Стефанија Гаштарска (23) и Марија Крстевски (43) се доказ дека гените...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Миро Кацаров за борбата со анксиозноста: „Од дружељубив, станав плашлив и себичен човек кој не верув... „Во еден момент почнав да ги мразам сите, зашто беа посреќни од мене. Но, анксио...
Александар од Битола слика фрески и икони: „Ликот на Христос првпат го нацртав на 4 години“ „Првиот портрет во боја ми е од Тоше Проески и тоа насликан во 2013 година - дот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg