Интервју со Кристи, Филипинка мажена во Македонија: „Шест години живеев во Македонски Брод, најмногу сакам тавче-гравче“

„Од македонскиот јазик најтешко ми беше да ги запомнам оние зборови каде што има само една буква разлика. Никогаш нема да ја заборавам реакцијата на свекор ми кога ме праша што има за ручек, а јас му одговорив: „За ручек имаме желка (наместо зелка)“ или кога сакав да го прашам: „Дали си уморен? (а јас реков дали си умрен?) …“, раскажува шармантната Кристи Рејчел Трајкоски од Филипините за CRNOBELO.com, која вели дека на почетокот ѝ било депресивно доаѓањето од голем град како што е Манила, во толку малечко место како што е Македонски Брод, но потоа се вљубила во Македонија.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 1

Кристи Рејчел Трајкоски (39) потекнува од Филипините, а веќе 10 години живее во Македонија. Во 2003 година дипломирала менаџмент на хотелиерство и ресторани во својата земја.

Две години работела во Дубаи и кога добила можност да работи на крузер, без размислување ја прифатила понудата, решена да го прошета светот. Таму го запознала Бојан, нејзиниот сопруг со кого се заедно веќе 14 години и имаат две деца.

Нивната свадба била закажана само 15 дена откако пристигнала во Македонија, и за тие 15 дена се запознала со роднините на нејзиниот сопруг, учејќи ги македонските традиции, обичаи и ора, без да знае како изгледа македонска свадба – со 300 гости и играње од почеток до крај.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 2

По 4 месеци почнала да работи и да го зборува македонскиот јазик, а после година дена учествувала и во телевизиски емисии, давала и неколку интервјуа, а била дел и од реклама за туризам во Македонија. Во текот на овие години работела во неколку компании и имала можност да биде тренер на персонал во угостителки објект.

Нејзиното најново хоби е отворање на Јутјуб канал, Let’s explore with Tetai каде што посетува разни локалитети и бизниси во Македонија, посебно мали и новоотворени бизниси. Сака да ги промовира и искрено да го даде своето мислење.

Кристи родена си на егзотичните Филипини, а се реши да живееш во Македонија. Животот понекогаш знае да биде многу интересен, па како патот те доведе на оваа мала земја на Балканот?

Љубовта ме доведе тука. Живеам во Македонија веќе 10 години, од кои 6 години живеев во Македонски Брод, и навистина на почетокот беше депресивно доаѓањето од голем град како што е Манила, во толку малечко место како што е Македонски Брод.

Но, со тек на време почнав да се навикнувам и започна многу да ми се допаѓа гратчето, неговата природа, свежиот воздух, планините, тоа што е безбеден и пријателски град. После 6 години поради поголеми можности за работа и перспективи за децата се преселивме во Скопје. И сега живееме тука.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 3

Со својот сопруг се запознавте на крузер обиколувајќи го светот – сон на многу луѓе. По што ги помниш годините поминати на крузер и отворените хоризонти?

Да, со Бојан се запознавме на крузер и заедно патувавме низ светот, буквално бесплатно. Имавме можност да бидеме во контакт со различни култури и да запознаеме луѓе од различни нации, а во исто време и заработувавме супер.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 13

За работа на брод слушаме секакви сведоштва, сечии верзии и искуства. Можеш ли да ни кажеш што е она за кое луѓето се во голема заблуда кога станува збор за работа на крузери?

На крузерите има најразлични работни позиции. Нашата, позиција беше во „food & beverage“ одделот (оддел за храна и пијалаци). Нема да порекнам дека работата е доста напорна и тешка. Се работи по 13 часа 7 дена во неделата, така што спиевме како кокошки, само по неколку часа.

Шега на страна, некогаш е неиздржливо. Па, така се прикрадувавме и правевме паузи од по 5 минути во тоалет, колку да собереме сила. Исто така собите на екипажот се наоѓаат на вториот кат од крузерот, што е буквално под вода, така што во собите нема прозорци, и природна светлина.

Однадвор се слушаат звуци на морските бранови и морски животни што поминуваат покрај бродот. Имаше моменти кога бевме на море цел месец без да стапнеме на копно, што предизвикува депресија и анксиозност.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 12

Но, придобивките од работа на брод се големи. За мене најголемата придобивка е тоа што го прошетав целиот свет, сите континенти и големи светски атракции без да платам ниту долар.

Запознав многу луѓе и култури. Само на нашиот крузер имаше луѓе од 50 различни националности. Исто така работната етика со која човек се здобива за време на работата на крузер е незаменлива, и е од голема предност доколку човек продолжи да работи во оваа индустрија.

На пример, моето искуство подоцна ми помогна да станам тренер на персонал во угостителски објекти и менаџер. И се разбира, исплатливоста од работата на крузер е огромна. Така што мојот совет за сите кои сакаат да работат на крузер е – одете додека сте млади. Доколку сте во брак, од безбедносни причини поведете го вашиот партнер со вас.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 8

Да се навратиме малку во минатото, кои беа твоите претпоставки за она што те очекува во Македонија?

Да бидам искрена, претходно не ни знаев каде е Македонија. Единствено место каде што ја имав сретнато Македонија беше библијата. Така што немав некои очекувања за Македонија, само имав некоја генерална позитивна слика врз основа на она што го слушав од мојот партнер, Бојан.

Така, на почетокот кога дојдов прво сè ми беше чудно и толку многу различно, но морам да признаам дека брзо се адаптирав.

kristi rejcel trajkoski na kruzer go zapoznala svojot soprug a vekje 10 godini zivee vo makedonija i gi promovira nejzinite ubavini 5

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg