Данче, гевгеличанка која љубовта ја одведе во Србија: „Во Нови Сад имаме плажа на реката Дунав, јавниот превоз е беспрекорен“

„Нови Сад е град кој мора да го посетите барем еднаш во животот. Најмногу ми се допаѓа темпото на живот кое е умерено без големи гужви и брзање, има беспрекорно организиран градски превоз, а ми пречи што е на 700 km од мојата родна Гевгелија“ – вели Данче Томашевиќ која е позната по шарените тањирчиња на Инстаграм.

DANCHE~1.JPG

„Шарените тањирчиња“ на Данче Томашевиќ се мошне популарни на Инстаграм. На секое чиниче оваа вредна мајка на три деца креира приказна, а вели дека тоа не е начин на којшто ги храни децата, туку служат за игра.

Данче Томашевиќ е Македонка, по потекло од Гевгелија која е омажена во Нови Сад, Србија. Оваа 39-годишна мајка на три деца по професија е менаџер за бизнис и логистика, a во слободното време сака да прави накит, да шминка, да готви, да спортува, да патува…

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-02.jpg

Таа вели дека моментално ужива во мајчинството и стои зад Инстаграм профилот @mama.sa.limana каде споделува интересни шарени оброци за големи и мали и некои активности што може да послужат како идеја за родителите како заедно да го поминат времето со нивните деца.

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-03.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com Данче открива како љубовта ја однела во Нови Сад, како се привикнала на животот таму, а како ја започнала и целата приказна со Инстаграм профилот mama.sa.limana:

Како љубовта те однесе во Нови Сад? Како започна твојата љубовна приказна?

Во Нови Сад ме донесе љубовта. Мојот сопруг и јас се запознавме месец дена пред истекот на неговиот договор во кошаркарскиот клуб Кожуф и од прва знаевме дека сме еден за друг, тој е најдобрата личност која ја познавам во мојот живот. Кога се врати сопругот во Србија продолживме да ја одржуваме врската на далечина и после една година почнавме да живееме заедно.

Заедно сме 9 ипол години од кои 7 ипол години сме во брак. Ние двајцата сме еден обичен пар кој е потполно посветен на семејството, многу сакаме да патуваме и да истражуваме нови места, водиме активен живот и сакаме да поминуваме што повеќе време во природа, такашто, кога и да сме во можност тоа и го реализираме.

По природа сме едноставни и опуштени, секогаш можеме да сметаме еден на друг и сме си најголема поддршка во животот, делиме исти вредности кон животот и тоа е она што нè спои и нè спојува.

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-06.jpg

Дали почувствувава големи разлики помеѓу животот во Македонија и Србија? Како се навикна на промените?

Пред да дојдам да живеам во Нови Сад живеев во Гевгелија која е многу помала и со самото доаѓање во поголема средина ми се промени животот. Ние во суштина сме сличен народ со слична култура, ритуали и обичаи. Овде во Војводина се чувствува доста влијанието на австро-унгарската култура, па така на менито има многу нивни специјалитети, споменици кои датираат од тоа време и во самиот менталитет на народот се чувствува тоа влијание.

Искрено, не почувствував некои преголеми разлики, во суштина сè што ми се случи со преселувањето во Нови Сад е во позитивна смисла.

Секој почеток е тежок, па таков беше и мојот, но, со текот на времето се навикнав да се носам со носталгијата. Сега Нови Сад е мој дом, особено, откако имам деца и она што ми недостасува се моето семејство, некои мои драги пријатели и нормално сирење.

Храната е тоа на што најтешко се навикнав, војводинската кујна се состои во главно од користење многу тесто и месо во јадењата на кои јас не сум љубител и сум порасната на храна богата со овошје и зеленчук, но тоа не ми спречи јас да јадам како што сум научена.

Исто така, овде многу тешко се наоѓаат зрели сирења како нашите, тука се јадат обично млади и несолени сирења, многу се јаде сланина, сушени и чадени меса што овде важат за деликатеси.

Како нешто интересно што треба да се проба од нивната кујна се кнедлите со сливи или како што ги викаат тука гомбоци.

Цените во однос на Македонија се генерално слични наспроти примањата, но она што во Нови Сад е многу скапо се цените на становите, а исто така и комуналиите.

Работа може да се најде, има неколку фабрики, многу мали претпријатија и моментално она што најмногу се бара, како и секаде, се работници во ИТ секторот.

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-09.jpg

Како Србите ги прифаќаат Македонците? Лесно ли се стекнува пријателство? Каков е менталитетот на народот таму и дали навистина сме многу слични? А, по што најмногу се разликуваме?

Можеби тука во Војводина луѓето да се малку поинакви од останатиот дел од Србија, во смисла на тоа што се повоздржани, но исклучително пријатни и расположени за дружење, културни и немаат предрасуди околу прифаќањето на кој било друг народ, напротив, во суштина сме слични, она по што се разликуваме се емоциите кои ние Македонците многу полесно ги искажуваме и сме многу поотворени.

Она што е сигурно дека новосаѓаните ќе ве освојат со нивната опуштеност. Стекнав неколку пријателства за овој период додека сум овде и среќна сум заради нив, зошто не е лесно да се стекнат вистински пријатели, без разлика на тоа каде сте.

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-05.jpg

Каков град за живот е Нови Сад? Што најмногу ти се допаѓа, а што најмногу ти пречи?

Нови Сад е град кој мора да го посетите барем еднаш во животот. Малку е да кажам дека е преубав, тоа е град кој веднаш ќе ве освои и ќе се заљубите во него. Нови Сад носи титула за културна престолнина, град со богато културно наследство, многу места од кои застанува здивот, историски споменици, музеи, галерии, паркови, зеленила, преубави улици, места на кои ќе пробате превкусна храна, преку летото градот ја има и плажата Штранд на реката Дунав и уште многу работи кои само ако дојдете ќе се уверите во нивните убавини…

И сето ова го чини преубав за живеење.

Тоа што најмногу ми се допаѓа е темпото на живот кое е умерено без големи гужви и брзање, и секаде можете да стигнете пеш или со велосипед за кој имате означени патеки низ цел град, исто така морам да го пофалам беспрекорниот организиран градски превоз. Она што ми пречи и е мана на Нови Сад е што е на 700 km од мојата родна Гевгелија.

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-08.jpg

Со што се занимаваш? Колку е тешко да се успее во Србија?

По професија сум менаџер за бизнис и логистика, но во моментот уживам во мајчинството и паралелно работам на мојот Инстаграм профил кој бара многу труд и работа и цел ми е да го унапредам со уште поинтересни содржини. Како и секаде и тука за каков било успех потребно е многу посветеност, труд и работа.

Но, она што можам да кажам секако е дека има многу повеќе опции да се реализирате на некое поле.

danche-tomashevikj-za-zhivotot-vo-novi-sad-najteshko-se-naviknav-na-hranata-vo-vojvodina-nema-sirenje-10.jpg

За тоа како ја добила идејата за Инстаграм профилот mama.sa.limana и како започнала целата приказна прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg