Бариста со златни раце: Скопјанец прави мини уметнички дела од кафињата (фото)

„Искрено, на една рака се бројат кафетериите во кои би пиел и би уживал редовно во консумирањето кафе, па мојот совет е добро да го бирате местото каде што пиете кафе и никогаш да не оставате кафето да ви се олади. Еспресото се пие до минута и пол, но кај нас тоа е ретка пракса““, раскажува Дејан Богоески, кој повеќе од една деценија работи како бариста.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-01.jpg

Кафето е секогаш добра идеја, зарем не? Дејан Богоески од Скопје повеќе од една деценија работи како бариста и на пената од кафињата прави вистински уметнички дела.

Тој за CRNOBELO.com споделува детали од својата професија:

Колку време го работиш ова и дали Македонците се доволно информирани во поглед на кафињата?

Во угостителството сум повеќе од 20 години, а како професионален бариста работам повеќе од една деценија. Кога станува збор за Македонците, последниве години расте кафе-културата и љубопитноста за доброто и квалитетно кафе. Дел од луѓето веќе умеат да препознаат места каде што можат да се напијат добро кафе.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-07.jpg

Како правилно се пие еспресо? Дали навистина во една голтка како Италијанците или...?

Еспресото се пие до минута и пол, но во Македонија тоа е ретка пракса.

Кога станува збор за еспресото, на италијански термините се ристрето - кратко, еспресо - средно и лунго - продолжено еспресо. Допио е двојно еспресо.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-04.jpg

За тебе највкусно кафе е...

За мене е најдобро краткото еспресо.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-06.jpg

Што сè знаеш да нацрташ? На што си најмногу горд?

Лате арт ми е пасија, а најмногу сум среќен кога на некој од гостите ќе му го нацртам ликот на кафето.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-08.jpg

Што ти е најтешко за цртање и зошто?

Нема нешто што ми е особено тешко да го нацртам, доколку нешто ми се допаѓа го вежбам до тоа ниво кога мене лично ми се допаѓа.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-12.jpg

Како реагираат клиентите кога ќе им донесеш кафе што наликува на мини уметничко дело?

Тоа е посебен момент кој би сакал секој во својата работа да може да го види и да го почувствува. Гостите дали од Македонија или од странство кога ќе го добијат своето кафе реагираат прекрасно, нивните импресии ме прават многу задоволен.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-03.jpg

Постојат ли некои правила околу консумирањето на кафе?

Кафето се дегустира и се пие за задоволство, посебни правила не постојат.

Колку време ти одзема цртањето на едно кафе?

Една минута.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-11.jpg

Како се прави квалитетна пена за цртежот да издржи долго? Во што се крие тајната?

Млечната крема или пена се добива од квалитетно и добро подготвено млеко, односно млечна крема и пожелно е млекото да содржи идеални количини на масленост и протеини. Тоа е тајната.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ...
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg