Бариста со златни раце: Скопјанец прави мини уметнички дела од кафињата (фото)

Со помош на цртежите на кафе си изненадил ли некој по одреден повод?

Сум изненадил многу луѓе на разни начини, без разлика дали станува за роденден или можеби за љубовна изјава, единствено уште не сум направил кафе специјално за запросување.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-10.jpg

Се служи ли квалитетно кафе во македонските локали?

Искрено, на една рака се бројат кафетериите во кои би пиел и би уживал редовно во консумирањето кафе. Има доста локали коишто се трудат да го подобрат стандардот, но сепак тоа е сè со променлив карактер. Се надевам дека во следните години ситуацијата ќе се подобри.

Кој друг покрај Македонците има навика на уживање и по 2 часа со едно кафе, односно каде на друго место пиењето кафе е ритуал како кај нас?

На Балканот сè уште владеат некои стари навики, па и во начинот на којшто се пие кафето. Сепак, полека, но сигурно, градиме една нова навика на препознавање како се консумира и какво кафе се консумира.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-05.jpg

Колку кафиња на ден пиеш?

На ден знам да испијам и до 10 кафиња, како кратко еспресо, кое ми е и најомилено. Но, знам да си направам и аеропрес, турско, в60, френч прес и уште многу рецепти со кои истото кафе може да се вкуси со сосема други ароми, екстракти и вкусови.

dejan-bogoeski-barista-so-zlatni-race-espresoto-se-pie-do-minuta-i-pol-no-kaj-nas-toa-e-retka-praksa-09.jpg

Совет со сите љубители на кафе...

Пред сè, мојот совет е добро да го бирате местото каде што пиете кафе и никогаш не оставајте кафето да ви се олади.

Повеќе фотки од делата на Дејан:

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Биљана Анѓушев 10 години живее во САД: „Отидовме со 13-месечно бебе, тешко најдовме работа со сопруг... „Моето семејство сметаше дека веќе имаме сè што ни треба во Македонија. Мис...

Најчитани неделава