Разговараме со ќерка и мајка - Надалина и Оливера: „На неа прва ѝ се обраќам кога имам проблем“

На прашањето што има научено од нејзината мајка Надалина вели: „Од неа научив дека љубовта кон децата е бескрајна. Таа го жртвувала своето време, здравје и младост за мене и моите браќа. Сепак, ниту еднаш не се пожалила и не покажала дека страда“, вели Надалина Пановска Прендиќ за односот со својата мајка за CRNOBELO.com.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-01.jpg

Надалина Пановска Прендиќ (30), магистер на организациски науки и управување (менаџмент) од областа на Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, вели дека нејзината мајка Оливера Пановска (55) од Скопје, магистер по економски науки, ѝ е најголема инспирација во животот.

Надалина е прво дете во семејството, мајка ѝ ја родила на 24 години, а има уште двајца браќа близнаци родени 9 години подоцна.

Навистина има нешто посебно во односот мајка-ќерка, па девојките како Надалина кои на пиедестал како најважна личност во животот ја ставаат својата мајка се за секоја пофалба.

Токму затоа проговоривме со Надалина за да ни открие во што се крие тајната на нивниот близок однос, како функционираат и какви навики имаат, откако Надалина е мажена, но и кога била дете.

Надалина за CRNOBELO.com споделува детали за односот со нејзината мајка Оливера:

Каков е вашиот однос?

Ние сме најдобри пријателки, нашиот однос е изграден врз база на доверба, а мајка ми е првата личност на која ѝ се обраќам со моите мисли и проблеми. Таа секогаш ме поддржува и поради тоа не се плашам да се соочам со предизвиците и да ризикувам.

Во периодот додека се школував, нашиот однос беше авторитарен во периодот на тинејџерството, 13-15 годишна возраст. Таа постојано ме контролираше, бараше од мене многу да учам и да бидам одлична со сите петки, имаше и случаи кога следуваше казна – нема излегување навечер и слично.

Иако во тоа време ова ми изгледаше премногу строго, сега сфаќам дека тоа го правела за „мое добро“. И никогаш ништо не ми недостасувало, напротив бев среќна и задоволна.

Откако почнав со средното образование, сè се смени, односите беа одлични, пријателски, релаксирани и со стекната доверба и почит. Тоа направи да бидам поодговорна личност, која е многу посветена на своите обврски и односи, како на приватен, така и на деловен план.

Мајка ми е мојата најдобра пријателка и сојузник, полна со неизмерна поддршка и љубов, која може да ги замени скоро сите во животот, но апсолутно никој не може да ја замени неа.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-14.jpg

Што имаш научено од неа?

Научив дека љубовта кон децата е бескрајна

Таа го жртвувала своето време, здравје и младост за мене и моите браќа. Сепак, ниту еднаш не се пожалила и не покажала дека страда.

Со насмевка на лицето, таа упорно се вложува и дава сè од себе за уште поголема насмевка на нашите лица.

Од неа научив како да се биде несебичен и како изгледа безусловната љубов. Добро знаете дека таква љубов и поддршка не може да пружи никој друг, освен вашата мајка.

Научив дека не е лесно да се биде жена

Од неа научив дека понекогаш моето мислење нема да биде прифатено, или дочекано со ентузијазам. Дека неретко нема да бидете сфатена сериозно, но истовремено мора да се изборам за своето место под сонцето, бидејќи никој нема да ви даде ништо сервирано на тацна, особено ако сте жена, мајка.

Мајката ми ме научи дека она што не ме убива, ме прави само посилна. Жената мора да биде силна личност и да се соочи со сите предизвици во животот. Не постои, „не“, „не можам“, „не знам“, сè се учи, сè се постигнува со добра организација, приоритети, и со многу љубов.

Да бидам подобра мајка од неа

Ми покажала што значи да се грижам за себе, но и за моето семејство, мајка која ми потврдила дека напорната работа секогаш се исплатува на крајот.

Ми покажала како е да се биде заштитнички настроен кон оние кои ги сакате, полна со емпатија и разбирање, силна и борбена.

Ме научи дека да се биде родител не е лесно затоа што подготвувањето на еден млад, неискусен и невин живот за суровиот свет со кој треба да се соочи не е лесна работа.

Ме научи да бидам благодарна за тоа што го имам како и да им помагам на оние на кои им е потребна помош и разбирање.

Секогаш ме советувала: „Чисти кога е потребно“, дај си време за прошетки, одморање, готви го она што го сакаш и кога сакаш, прави го она што те исполнува. Дај си време за кафе со другарките, за патување, за гледање филм со сопругот додека во кујната имаш куп садови, а во бањата куп облека која чека да биде испрана.

Работата е таа, те чека тебе и секако дека ќе се заврши, денес, утре. Денот е убав, помини си го убаво со семејството, на начин, време и место во кое заедно ќе уживате. Овој убав ден, никогаш нема да се врати.

Не заборавај дека старееш, годините си летаат. Еден ден сите ќе се претвориме во прашина кога ќе заминеме од овој свет. Тогаш никој нема да се сети на твојот дом, на предметите околу тебе, туку на твоето пријателство, твојот живот и спомените кои сте ги создале во животот со семејството, роднините, пријателите.

Секогаш ме советувала: „Чисти колку што мораш“, но запомни дека животот е таму надвор со сонце во очите, ветер во косата, снегулки на лицето, капки дожд и секој ден е посебен.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-04.jpg

Кое животно мото ти го всадила?

Животот не е лесен, но е интересен. Прифати го предизвикот, и немој да се откажуваш никогаш, затоа што можеш да го направиш тоа!

На што е таа најгорда кај тебе како личност?

Горда е на мојата личност комплетно. Во мене се огледува себе, но и на другите дарби со оглед на „новото време“ на кои родителите се бескрајно горди и среќни.

Ми вели „ти знаеш како, продолжи понатаму, слушај го твоето срце“.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-08.jpg

Дали минувате многу време заедно?

Да, среќа живееме многу блиску, нè дели само една куќа. Заедно одиме и се враќаме од работа, па имаме време и да си поразговараме додека се возиме во автомобилот, честопати, барем 4-5 пати во текот на неделата одам кај моите на гости.

Исто така, за викенд, барем еден ден, покрај фамилијарните обврски, ќе испланираме нешто за да прошетаме некаде, на воздух, во природа.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-11.jpg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg