Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“

„Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред неколку месеци на доделување награди во Белград. Ѝ велам: 'Да ми кажуваше некој дека еден ден ќе седиме вака заедно, немаше да му поверувам',“ ни откри Александра Радовиќ во интервјуто.

aleksandra-radovikj-za-crnobelo-se-trudam-da-ja-naucham-kjerka-mi-na-vistinskite-vrednosti-01.jpg

Александра Радовиќ, пејачката со еден од најмоќните вокали во регионот, на почетокот на април ќе одржи три концерти во Македонија и тоа на 5-ти во Битола, на 6-ти во Скопје, а потоа на 7-ми во Штип.

Насмеана, расположена и позитивна, Александра во живо оддава впечаток на приземна личност, иако е ѕвезда која преку 20 години е рамо до рамо со најдобрите на овие простори.

Со пејачката разговаравме во Скопје, а таа за CRNOBELO.com ни раскажа интересна приказна за нејзината последна средба со Калиопи, за дружењето со Тоше Проески, но и како го одржува младешкиот изглед, иако во септември 2024 ќе наполни 50 години.

aleksandra-radovikj-za-crnobelo-se-trudam-da-ja-naucham-kjerka-mi-na-vistinskite-vrednosti-14.jpgВо разговор со Александра Радовиќ пред македонските концерти

По подолго време доаѓате на концерт во Скопје. Зошто ве немаше толку долго?

Некако не ми се отвораше патот на оваа страна. Повеќе одам накај Босна и Херцеговина, таму сум некако најчесто.

Но, се израдував на поканата од „Прагма продукција“ со кои соработував и порано.

Се надевам дека ова ќе биде убав почеток на турнејата низ регионот што ќе ја имам периодов, а почнува токму во Македонија, со концерти во Битола, Штип и Скопје, па ќе продолжи во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а кон крајот на годината е во план и голем концерт во Белград.

Се надевам дека на сите ќе ни биде убаво, не сме се виделе долго време.

aleksandra-radovikj-za-crnobelo-se-trudam-da-ja-naucham-kjerka-mi-na-vistinskite-vrednosti-11.jpg

Поминаа повеќе од 20 години од вашата песна „Као со у мору“, која и денес им е омилена на многумина... Дали во тоа време помислувавте дека првата песна ќе ви биде хит кој ќе се слуша 2 децении, ама и ќе звучи модерно, како да е напишана сега?

Аранжманот на песната е направен минималистички и затоа е вонвременски. Секако, не очекував дека ќе трае еве, скоро 21 година и дека публиката со иста страст ја пее и сега како пред 2 децении.

На еден пејач не може да му се случи нешто поубаво во кариерата.

Понекогаш си велам дека дури и да ја имав таа една песна што стана толкав хит, би била среќна, а не, пак сега, со сите останати.

aleksandra-radovikj-za-crnobelo-se-trudam-da-ja-naucham-kjerka-mi-na-vistinskite-vrednosti-03.jpg

Низ годините често работевте со Дарко Димитров и оттука излегоа многу хитови... Но, ако треба да снимите песна со некој наш пејач, кој би бил тоа?

Никогаш не сум пеела со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред неколку месеци на доделувањето на наградите на радио Накси.

Ѝ велам: „Да ми кажуваше некој дека еден ден ќе седиме вака заедно, немаше да му поверувам“.

Се сеќавам, бев дете кога таа ја испеа песната „Бато“. Јас бев во Сараево кај тетка ми која живееше таму, се сеќавам беше лето и кога ја слушнав песната првпат, си реков Боже како пее оваа девојка, ми беше тоа толку недостижно.

И сега одеднаш седам тука покрај неа, со некој што ми бил пример за женски вокал, како треба да звучи, како треба да се пее.

Токму затоа таа средба со Калиопи ми беше многу емотивна.

aleksandra-radovikj-za-crnobelo-se-trudam-da-ja-naucham-kjerka-mi-na-vistinskite-vrednosti-09.jpg

Го сакав многу и Тоше. Тој беше една посебна душа, посебен пејач.

Се сеќавам дека на некои снимања, на фестивали на кои бевме двајцата, додека сите си го чекаат редот за својот настап, ние се распејувавме.

Тоа им беше многу чудно на луѓето. Јас ја имам таа навика, а ја имаше и Тоше.

Македонија има многу добри пејачи и афирмирани и неафирмирани. Вие сте таков народ. Кога ќе ме прашаат дали сме ние поталентирани во однос на Македонија, им велам 'Не'.  И тоа е вистина.

aleksandra-radovikj-za-crnobelo-se-trudam-da-ja-naucham-kjerka-mi-na-vistinskite-vrednosti-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg