„Немојте да ги казнувате и наградувате децата, нема ефект“: Интервју со Марија Илкоска, едукатор на родители за позитивна дисциплина

Што е важно кога одбираме играчки за децата? Со колку играчки реално дечињата можат да си играат и колку е непотребно да се затрупуваме во купишта разни игри?

Јас играчките ги гледам како средство за развој на потребни вештини. Не ми е важно само да се занимаваат децата, туку со што ќе се занимаваат.

При изборот внимавам играчките да бидат од отворен тип и пасивни. Тоа значи една играчка да нуди повеќе можности за игра и да се игра на секоја возраст. Пасивна значи целата работа со играчката да му припадне на детето.

Преку играта со пасивни играчки детето е активно, измислува, размислува и решава. Во однос на бројот би рекла да нема премногу ниту премалку, односно родителот сам да процени дали бројот е соодветен и дали играта е квалитетна.

Што кога децата немаат интерес за игри кои ние ги наметнуваме упорно: цртање, учење букви, решавање сложувалки и сл.?

Наше е да понудиме, поттикнеме, заинтересираме. Но, и да ги следиме интересите на детето. Доколку детето нема интерес за некоја игра или тема, не треба да му се наметнува.

Колку е дозволено децата да поминуваат време пред екрани? Дали сосема треба да бидат изолирани од телефони и таблети иако денешницата го наметнува истото честопати?

За штетноста на екраните се зборува премногу и со право. Како што рековте, употребата е наметната и тоа е реалноста. Поради тоа, сметам дека не треба да се забранува, но внимателно да се дозира.

Гледањето екран да биде исклучок, а не правило.

Секој родител треба да биде претпазлив кога е оваа тема во прашање и да ги следи препораките за екран според возраст, а особено реакциите на детето, сигналите дека екранот му влијае на однесување, сон или внимание. 

nemojte-da-gi-kaznuvate-i-nagraduvate-decata-nema-efekt-intervju-so-marija-ilkoska-edukator-na-roditeli-za-pozitivna-disciplina-10.jpg

Најдобар начин за справување со тантрумите?

Тантрумите настануваат како резултат на намалена способност кај децата за комуникација на нивните потреби, како знак дека детето е во ситуација на емоционална дисрегулација, како начин на задоволување на одредена желба итн.

Всушност, секогаш имаат одредена причина која детето ја комуницира на тој начин. Родителот треба да ја одреди таа причина и да постапи соодветно.

Најдобро е внимателно да го следи и да предвидува. Да ги следи знаците кои ги дава детето пред да биде предоцна. Пред да биде прегладно, прежедно или преуморно на пример.

Која и да е причината, важно е родителот да не го игнорира детето во тие моменти и со тоа да го зголеми стресот кај детето. Тоа не се соодветни моменти за делување, учење, држење лекции.

Во тие моменти, доволно е родителот да остане смирен, да моделира корисно однесување и начин на справување со емоциите и да му даде до знаење дека е заедно со детето, а откако ќе помине да делува на соодветен начин. Најпрво конекција, а потоа корекција.

Со тоа што не го напушта детето, не му праќа погрешни пораки и не го разгалува како што постојат мислења. Го разгалуваме детето кога му дозволуваме да го добие тоа што не треба, кога му ја исполнуваме секоја желба и барање.

А не кога поставуваме граници, но покажуваме емпатија и ко-регулација. Нешто многу важно за во иднина преку таквите можности, кои не се пријатни за никој, да стекнува вештини за соодветна саморегулација.

Колку време е пожелно секое дете да поминува надвор од домот?

Што повеќе тоа подобро, но за жал повеќето функционираме во услови кои тоа не го дозволуваат. Би рекла дека 3 часа дневно е оптимално време.

nemojte-da-gi-kaznuvate-i-nagraduvate-decata-nema-efekt-intervju-so-marija-ilkoska-edukator-na-roditeli-za-pozitivna-disciplina-07.jpg

Најдобриот совет кој си го добила како родител и кој би сакала да го добијат сите родители од тебе?

„Избери ја опцијата што најмногу одговара на функционирањето на твоето семејство“.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

E. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...

Најчитани неделава