Емакулате, Кенијка омажена за Македонец: „Мојата свекрва е незаменлива, македонските мажи не знаат да танцуваат“

„Македонските мажи не знаат да играат воопшто, па дури и кога животот би им зависел од тоа, мојот сопруг е таков пример. Можеби не сите, но 90% не знаат да играат. Можеби треба да отворам школа за танци и да поканам некои кениски мажи за да им покажат некои движења, бидејќи македонските мажи играат како комарци без ритам, но без разлика на сè јас ги обожавам“, раскажува шеговито Кенијката Емакулате Вандера Блажеска (31), која од 2018 година живее во Македонија и вели дека го обожава животот тука.

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-01.jpg

Емакулате Вандера Блажеска e 31-годишна девојка од Кенија која љубовта ја доведе во Македонија. Oд 2018 година живее во Скопје со својот сопруг Михајло, со кого ја има и ќеркичката Дариа.

Веќе еднаш имаме разговарано со неа за тоа кои ѝ беа првите впечатоци за Македонија и како ѝ изгледа животот во Скопје (прочитајте ТУКА), а сега таа ни открива повеќе детали околу своето секојдневие и околу тоа што ѝ се допаѓа најмногу во Македонија.

Кенијката Емакулате споделува за CRNOBELO.com детали од животот тука:

Кој ти е најдобар пријател од Македонија?

Искрено, мој најдобар пријател во Македонија ми е мојот драг сопруг, кој нагалено го викам Микче. Заедно се смееме и заедно тагуваме, тој е мојата среќа и него можам да му кажам буквално сè. Со него никогаш не ми е здодевно.

Но, секако имам и други блиски пријатели од Македонија, со кои имам изградено блиски врски и ги чувствувам како мое семејство и навистина сум среќна што ги имам до мене.

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-02.jpg

Најдобра особина на Македонците како сопрузи, односно на твојот сопруг...

Јас сум омажена за еден и можам да кажам за него. Неговото име е Михајло Блажески и тој е сè што некогаш сум посакувала да биде. За него би се омажила повторно и во наредниот живот.

Македонските мажи се посветени на своето семејство, мојот сопруг би направил сè за своето семејство и за него ние сме секогаш на прво место, семејството е секогаш прв приоритет за него.

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-03.jpg

Мажите во Македонија се блиски со своите родители и споделуваат многу работи кои им се случуваат во животот. Тоа ме прави да се чувствувам безбедно и сакано. Тие се верни и посветени на бракот.

Плус, помагаат со сè и во домашните обврски, мојот сопруг многу често готви за мене. Често ме изненадува со некои нови специјалитети и тоа ме прави навистина среќна.

Тие ја сакаат својата земја и често зборуваат за историјата и културата на својата земја. Исто така, често знаат да дебатираат со своите пријатели за различни теми, а тоа може да трае од утро до вечер. И да, тие се многу згодни и убаво градени (мислам на мојот сопруг :).

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-13.jpg

Омилено македонско јадење...

Имам повеќе омилени јадења бидејќи едноставно не можам да им одолеам. Храната е голем дел од македонската култура.

Македонија има една од најдобрите кујни кои сум ги пробала досега. Во моментов омилени ми се традиционалните пити, со сирење, спанаќ, праз или зелка, кои обично ги консумирам со јогурт или кисело млеко.

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-14.jpg

Какви се македонските свекрви?

Не знам за другите македонски свекрви, но со сигурност можам да кажам дека мојата е незаменлива. Нејзиното име е Блага Блажеска и ја обожавам. Се надевам дека таа го знае тоа.

Уште од првиот момент кога се запознавме едноставно кликнавме и сè со неа е толку лесно и некако природно. Таа ме прифати и ме гледа како сопствена ќерка. Секогаш е многу директна со мене, на пример ако ми е нешто лута ќе ми каже и обратно.

Многу грижлива и ми го покажува тоа постојано. Иако се гледаме секој ден, секогаш ми се јавува навечер да ме праша што правам и тоа ми значи многу. Таа е секогаш тука за мене и во добро и во лошо.

Секој ден ни готви ручек и многу сака кога ќе ѝ кажеме дека јадењето е превкусно. Имам голема поддршка за сè, така беше и пред и после мојата бременост, секогаш беше тука да помогне околу бебето.

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-11.jpg

Едноставно, прави сè да биде полесно за мене од кога дојдов во Македонија. Таа е една во милион и тоа е сè што можам да кажам. Таа е прекрасна баба за Дариа, понекогаш сум ѝ малку љубоморна, бидејќи порано ми купуваше постојано некои подароци, а сега е сè за нејзината внука (ха ха).

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-15.jpg

Јас си ја викам моја втора мајка, според мене јас имам две мајки, мојата биолошка мајка и мојата свекрва, што ме прави многу среќна, ги обожавам двете. 

emakulate-kenijka-omazhena-za-makedonec-mojata-svekrva-e-nezamenliva-makedonskite-mazhi-ne-znaat-da-tancuvaat-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Македонка од Струмица со сопругот има 7 градинки во САД: „Почетокот беше многу тежок, си го сакам ро... „Многу тешко најдов работа кога се преселив во САД. Процесот за отворање сопстве...
Салех од Венецуела живее во Куманово: „Чудно ми е што на тротоарите има автомобили, а македонската к... „Ајварот со сирење и топол леб е превкусна комбинација, сакам да јадам сарма, по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg