Емакулате, Кенијка мажена во Скопје: „Свекрва ми готви прекрасни македонски јадења, а Кенија има најубави плажи во Африка“

„Љубовта ме донесе во оваа прекрасна земја, а кај Македонците посебно ми се допаѓа како ги бодрат своите спортисти кога играат за националниот тим, на пример во ракомет и реакциите после победа се едноставно неверојатни. Плус ми се допаѓа традицијата која ја негуваат, фолклорната музика и прекрасните фолклорни носии“, вели 29-годишната Емакулате.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-01.jpg

Емакулате Вандера Блажеска e 29-годишна девојка од Кенија која љубовта ја доведе во Македонија.

Таа по професија е учителка, а од 2018 година живее во Скопје.

Како се запознала со партнерот, како ја прифатиле неговите родители и како ѝ се допаѓа Македонија, открива за CRNOBELO:

Колку време живееш во Македонија и што те доведе тука?

Во Македонија сум веќе 2 години. Секако љубовта ме донесе во оваа убава земја. Откако се заљубив во еден згоден, интелигентен, паметен, грижлив човек.

Сѐ започна со мал комплимент, кој потоа водеше кон деноноќни разговори. Во периодот кога почнавме да комуницираме, работев во Тајланд како учителка во средно училиште, а тој беше во Скопје. Во еден момент дури и престанавме да комуницираме, скоро четири месеци затоа што се плашевме дека почнуваме да се заљубуваме еден во друг, а далечината беше преголема, и не знаевме како тоа  би можело да функционира.

Сепак, по четири месеци повторно почнавме да комуницираме, и од тој ден не престанавме да се допишуваме сѐ додека Мики не дојде за прв пат во Тајланд во декември 2017 и оттогаш започна нашата приказна без крај.

Дојдов да живеам во Македонија во ноември 2018, бидејќи претходно за време на мојата прва посета на Македонија во мај истата година мојот сегашен сопруг ме запроси. Во јануари 2019 се венчавме, и од тогаш трае нашата „and been living happily ever after“ приказна.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-06.jpg

Прв впечаток за Македонија ти беше...

Македонците се топли, пријателски настроени и гостопримливи луѓе. Те прават да се чувствуваш дека си дома веднаш откако ќе пристигнеш тука.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-13.jpg

Дали лесно го совлада јазикот?

Македонскиот јазик можеби звучи како лесен за совладување меѓутоа не е така. Ми беше тешко бидејќи азбуката, буквите се тотално различни од англиската азбука.

Три месеци имав приватни часови со една извонредна учителка, која што беше многу трпелива со мене. Сѐ уште има долг пат пред мене, но многу ми е драго што сега можам да комуницирам на македонски.

Моите прекрасни свекрва и свекор, Блага и Мето се исто една од причините што сакам да го усовршам македонскиот јазик, со нив комуницирам на македонски такашто секој ден учам по некој нов збор.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-16.jpg

Како беше прифатена?

Секако кога одите да живеете на некое ново место постои доза на страв. Не може, а да не се запрашате како ќе бидете прифатени, и дали ќе бидете прифатени воопшто. Така беше и во мојот случај.

Меѓутоа моите свекор и свекрва ме прифатија со широко отворени раце, и веднаш се почувствував како да се знаеме долго време. Исто така и сите останати околу мене ме направија да чувствувам дека припаѓам тука.

Секако, понекогаш сѐ уште се чуствувам како странец, бидејќи реално е реткост да сретнете некој од Африка на скопските улици. Поради тоа понекогаш се чувствувам дека луѓето гледаат во мене, што секако е разбирливо во овој случај.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-21.jpg

Во Македонија најмногу ти се допаѓа..

Македонците се патриоти, и им се восхитувам за тоа. Тоа може да се забележи и на социјалните мрежи, па дури и во нормална конверзација.

Посебно ми се допаѓа како ги бодрат своите спортисти кога играат за националниот тим, на пример во ракомет и реакциите после победа се едноставно прекрасни.

Богатата култура исто така може да се забележи и преку традицијата која ја негуваат, фолклорната музика, прекрасните фолклорни носии. Пример за тоа како ја негуваат нивната култура се деновите како Бадник, постите кои траат 40 дена, се тоа е многу интересно за мене.

Тука постои тоа некое чуство на земја богата со историја што ја прави Македонија интересна за истражување.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-11.jpg

Во Македонија најмногу те нервира...

Возачите што свират на семафори уште пред да се вклучи зеленото светло. Премногу пушачи, по улиците, па дури и во рестораните.

Скоро и да не постои ресторан, или кафуле во кое ќе отидете, а потоа кога ќе дојдете дома да не мирисате на цигари иако не сте пушач.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-23.jpg

Како се снајде на професионално поле? Дали работиш? Каков беше процесот со средување документи?

Сите документи ми се средени, тоа е првата работа која што треба да ја направите кога одите да живеете во некоја нова држава, ако сакате да спиете мирно. Секако тоа е комплициран и долг процес, но кога еднаш ќе завршите со тоа сѐ е полесно.

Во моментов работам во Интернационалното училиште Нова, кое е едно од најдобрите во државата.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-14.jpg

Колку е скап летот од Македонија до Кенија? Си одиш ли често, доаѓаат ли твоите на посета?

Летовите од Македонија до Кенија се прилично скапи, цената на повратен авионски билет е околу 1.000 евра.

Во јули минатата година бевме со мојот сопруг во Кенија, тоа беше негово прво патување во Кенија. Се запозна со моето семејство и прилично голем круг на роднини и пријатели на забавата за добредојде која беше организирана во наша чест на која дојдоа околу 600 луѓе.

Едвај чекам да отидеме повторно, овојпат сите заедно и со семејството на мојот сопруг, а и со нашето бебе кое што го очекуваме наскоро. Моето семејство сѐ уште не било во Македонија, но планираат наскоро да дојдат, се надеваме дека ситуацијата со корона вирусот наскоро ќе заврши и патувањата нема да бидат повеќе проблем.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Ирина од Скопје чува сфинкс мачка: „Нала многу сака да се гали и не е дива, идеална храна ѝ е сирово... „Нала е премногу мила и секогаш е расположена за галење. Воопшто не е дива како ...
Ана од Скопје: „На 20 години го имав првиот сериозен симптом на мултипла склероза, син ми ми е злато... „Користам бастун, чинам од пред 10 години. Познаниците што не ме виделе подолго ...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg