Емакулате, Кенијка мажена во Скопје: „Свекрва ми готви прекрасни македонски јадења, а Кенија има најубави плажи во Африка“

Кој ти е впечатокот за македонската кујна?

Ммммм....дозволете ми да кажам дека Македонија е една од земјите со најдобра кујна. Дури не можам ни да се одлучам кое јадење ми е омилено.

Македонската храна е вкусна и здрава, јас сум заљубена во македонската кујна. Заљубена сум во јадењата на мојата свекрва Блага, за мене таа е еден од најдобрите готвачи тука, едноставно не знам за доста кога станува збор за нејзините јадења.

Исто така и десертите се одлични, мојот свекор има навика да ни прави различни македонски традиционални десерти. Во моментов мој фаворит е тикварник, толку вкусен, а природен без никакви вештачки додатоци.

Исто така сакам тавче гравче. И во Кенија користиме грав, но постои разлика во начинот како се подготвува. Ги сакам петоците, бидејќи тогаш луѓето тука прават тавче гравче, таква е традицијата. Меѓутоа не треба да претерувате со јадење на тавче гравче бидејќи потоа може да имате проблеми со гасови (ха ха).

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-22.jpg

Омилени места од Македонија ти се?

Имам повеќе омилени места во Македонија. Македонија е мала земја, но располага со многу природни убавини, реки, планини, водопади...

Мое омилено место е сепак Матка, таа е скриено богатсво во Скопје. Матка делува многу смирувачки, особено кога сакате да избегате од сè и едноставно да бидете релаксирани, возејќи се со кајак опкружени со карпи, шума и вода.

Исто така го сакам и Охрид, бидејќи е богат со македонска култура, црквите, малите продавнички, рестораните и плажите наоколу. Мислам дека е најдобро место ако сакате да излезете од Скопје.

Исто така го сакам и Скопје како град. Интересно место е за да пешачите наоколу, и да посетувате рандом места. Го сакам и ноќниот живот во Скопје, мислам дека има одлични барови и клубови.

Меѓу омилените ми е мексиканскиот ресторан Амигос, пред сѐ поради коктелите, исто така Каса Кубана, кадешто има одлични латино забави. Исто така ноќните забави кои ги имав со моите пријатели во некои од летните ноќни клубови ми се едни од омилените нешта.

Да не го заборавам и Водно, одлично место ако сакате да спортувате како мене. Понекогаш возиме велосипеди на Водно, некогаш само седиме и уживаме на сонцето. Многу е блиску и одозгора може да имате многу убав поглед на целиот град.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-20.jpg

Каков е животот во Кенија? Во кој град живееше, долови ни ја атмосферата...

Животот во Кенија е одличен, морате да ја посетите за да видите. Кенија е туристичка земја, позната по тоа што е една од најпознатите дестинации за сафари туризам, извонредна авантура каде што можете да ги видите едни од најимпресивните животни на земјата.

Националниот парк Масаи Мара, е еден од најпознатите во светот. Исто така брегот на Кенија ги нуди едни од најубавите плажи на светот, со бели песоци, и тиркизна вода.

Кенија секако треба да биде на вашата листа на дестинации што мора да се посетат ако сакате да патувате.

Кенијците се прекрасни во секој поглед, топли, и дружељубиви ќе направат да се чувствувате добредојдени во моментот кога ќе стапнете. Секогаш се подготвени да започнат разговор и да ви помогнат.

Времето е одлично скоро преку целата година, со исклучок на дождовната сезона. Кенија е премногу блиску до екваторот за да искусите вистинско лето или зима, годината е поделена на сува и дождовна сезона.

Јас живеев во Најроби, којшто е познат како „град под сонцето“. Toa e многу динамичен град, со преку четири милиони жители. Еден е од најголемите и најважни градови во Африка.

Во склоп на самиот град има национален парк, којшто е најстар во државата и каде може да се видат скоро сите животни: зебри, бафала, гепард,  лавови, жирафи, газели, носорози итн. Исто така нуди по нешто за сечиј вкус, многу ресторани кои нудат традиционална како и интернационална храна, молови, музеи, галерии, историски знаменитости итн.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-08.jpg

Какви се цените во Кенија?

Цените во Кенија се отприлика идентични како во Македонија, можеби е за нијанса поскапо.

Цената на еспресо во просечен кафе бар е некаде околу еден долар (околу 50 денари).

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-10.jpg

 Во што се разликуваат Кенијците од Македонците?

Кенијците и Македонците се слични на многу начини. И двата народи се топли и убави луѓе. Македонците се можеби малку посрамежливи во тој прв контакт кон страниците отколку Кенијците, кои што воопшто не се срамежливи.

Во Кенија луѓето влегуваат во конверзација како да се знаат долго време иако не се познаваат.

На пример во јавен превоз двајца може да започнат муабет за спорт или политика, и сите останати ќе се приклучат кон муабетот. Тука не сум го забележала тоа.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-24.jpg

Колку се различни Македонците во поглед љубовните врски и бракот?

Од моето искуство можам да кажам дека Македонците ги гледаат врските и браковите многу серизоно, кога се во врска или брак тие се навистина посветени 100%. Мислам дека кога Македонците ѝ пристапуваат на една врска, тоа го прават со намера тоа да биде долга врска, и да заврши со брак.

Разводите не се толку чести тука и мислам дека луѓето навистина се борат за своите врски. До овој заклучок дојдов гледајќи ги моите македонски пријатели и нивната посветеност на нивните врски или бракови.

Во однос на Кенијците нема некоја голема разлика по ова прашање.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-27.jpg

Има ли рајски плажи во Кенија? Ја посетуваат ли многу туристи?

Кенија е туристичка дестинација која е посетена од многу луѓе од цел свет во текот на целата година. Туристите ја посетуваат Кенија како една од најдобрите сафари дестинации, бидејќи некои од најпознатите национални паркови се тука. Или поради феноменалните плажи на брегот околу Момбаса, на Индискиот океан.

Кениските плажи се едни од најдобрите во Африка, кристално чиста тиркизна вода, палмини дрва, и ситен бел песок. Некои од најпознатите плажи се Diani, Watamu, Lamu, Malindi меѓу останите.

Поради овие причини има многу странци што се одлучуваат да се преселат во Кенија, најчесто на брегот и да ја направат Кенија нивен дом.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-28.jpg

Дали би сакала еден ден повторно да живееш во Кенија?

Секако, дома е секогаш најубаво, и би сакала некогаш повторно да живеам таму. Но како што велат, домот е каде што ти е срцето, а моето е тука и тоа ја прави Македонија мој дом засекогаш.

Јас живеам тука, и тука го градиме нашето македонско семејство. Во љубовта и во бракот понекогаш треба нешто да се жртвува, во мојот случај да живеам далеку од „дома”.

За среќа, во денешно време патувањето е многу поедноставно и секогаш ќе го посетуваме моето семејство во Кенија, и тие ќе нѐ посетуваат тука.

emakulate-kenijka-mazhena-vo-skopje-svekrva-mi-gotvi-prekrasni-makedonski-jadenja-a-kenija-ima-najubavi-plazhi-vo-afrika-18.jpg

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Ирина од Скопје чува сфинкс мачка: „Нала многу сака да се гали и не е дива, идеална храна ѝ е сирово... „Нала е премногу мила и секогаш е расположена за галење. Воопшто не е дива како ...
Ана од Скопје: „На 20 години го имав првиот сериозен симптом на мултипла склероза, син ми ми е злато... „Користам бастун, чинам од пред 10 години. Познаниците што не ме виделе подолго ...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg