Љубовната приказна на Моника и Јовица: „Живееме во Чикаго, но желба ни беше да ја крунисаме љубовта во Скопје“

Се венчававме во соборниот храм Св. Климент Охридски и тоа беше воедно исполнување на една од моите животни желби затоа што нѐ венчаваше мојот дедо отецот Томислав Петковски. Самата церемонија во црква за мене беше магична што секогаш ќе ја паметам затоа што главниот збор го имаше мојот дедо...“, раскажува Моника Јованова (27) за CRNOBELO.com, која партнерот ја запросил во Доминиканската Република.

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-01.jpg

Моника Јованова (27) од Скопје, која 4 години работела во банка, сега се стреми за создавање на свој бизнис. Таа веќе 6 години живее во Чикаго со својот партнер Јовица Јовановиќ (29) од Скопје, сопственик на свој бизнис за градежништво во Чикаго. 

Неодамна парот направи свадба во Скопје, Моника беше невеста во принцеза стил, а за CRNOBELO.com раскажува детали од нивната љубовна приказна.

Љубовната приказна на Моника и Јовица:

„Нашата љубовна приказна започнува пред 12 години уште во средношколските денови и конечно ја крунисавме нашата љубов пред еден месец, поточно на 25-ти јуни.

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-11.jpeg

Веќе 6 години живееме во Чикаго, но нашата желба беше токму Скопје каде сѐ започна да ја направиме свадбената церемонија и да го поминеме најубавиот ден со најблиските.

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-08.jpeg

Свадбата ја спремавме една година, веднаш откако Јовица ме побара за жена во Доминиканска Република на приватен остров каде што ја видов најубавата и најбистра тиркизна вода што некогаш сум ја видела.

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-01.jpg

Во подготовките навистина уживав, голема естета сум и сакав секој детаљ да биде онака како што сум го замислувала, но мора да напоменам дека сето тоа и создава многу голем стрес. 

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-09.jpeg

За фустанот од моите соништа се погрижи Златко Јовановски познат како JZJ и бескрајно сум му благодарна што секоја моја замисла ја претвори во реалност и го даде својот максимум за да ги задоволи сите мои очекувања.

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-13.jpeg

ljubovnata-prikazna-na-monika-i-jovica-zhiveeme-vo-chikago-no-zhelba-ni-beshe-da-ja-krunisame-ljubovta-vo-skopje-02.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во... „Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил ...
Дарко Трајковски, сликар и тату артист: „Живееме во многу брзо време, не треба да не се потпираме са... Дарко Трајковски од Куманово е сликар и тату артист, кој според приказните на ма...
Љубовната приказна на Нина и Валентино од Скопје: „Се запознавме во ноември 2021 во Унгарија, се вен... Нина и Валентино велат дека дефинитивно им се случила љубов на прв поглед и ведн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg