Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во Охрид“

Матичното не можевме да го организираме истиот ден и затоа го направивме во мај 2022 во вила со базен, каде сакавме да организираме мала прослава со најблиските. Атмосферата беше преубава, декорациите на масите, позадината за сликање, подарочиња за гостите направени од нас.

Потоа направивме кратка фотосесија, а веселбата продолжи со македонски ора и песни цела вечер.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-02.jpg

Нашата идеја во врска со фотосесија беше да биде во сицилијански стил на море, затоа нешто што беше најслично до нашите можности беше да организираме фотосесија во Охрид.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-07.jpg

Прикажувајќи ја магијата на Охрид и прекрасните манастири кои ни нудат посебно чувство се решивме да си организираме сами ваква фотосесија која дел беше на Свети Јован Канео, Света Софија и стариот дел од градот, како и пловење со катамаран на Охридското Езеро.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-05.jpg

Можам да кажам дека целосно сами ја организиравме целата фотосесија, фустанот е земен од Zara, штиклите од Bershka, велот го направив сама од тул и сребрена штипка која многу лесно се става во коса.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-10.jpg

Бидермаерот и декорацијата на катамаранот исто така беа изработени од нас со тоа што сакав да ги задржам тие летни, пастелни бои на цвеќе кои будат нежност и љубов.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-12.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Љубовната приказна на ракометарите Андријана и Никола Маркоски: „Се запознавме на тренинг, го изнена... „Свадбата ја правевме во Струга и имавме интересен момент при влегувањето во црк...
Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна ве... Катерина Пипонска, наша некогашна стјуардеса, вели дека во родното Берово ја има...

Најчитани неделава