Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во Охрид“

„Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил на море, затоа нешто што беше најслично до нашите можности беше да организираме фотосесија во Охрид. Прикажувајќи ја магијата на Охрид и прекрасните манастири кои ни нудат посебно чувство се решивме да си организираме сами ваква фотосесија …“, раскажува Симона Трајковска од Скопје за CRNOBELO.com.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-01.jpg

Симона Трајковска од Скопје, работи како жена претприемач заедно со нејзината сестра во нивното ателје за свадбени декорации.

Има завршено Економски факултет во Скопје, а токму таму и се запознала со нејзиниот сопруг Славјан Трајковски од Скопје, кој исто така е претприемач во сопствена фирма за градежништво.

Таа за CRNOBELO.com ја раскажува нивната љубовна приказна:

„По 5 години од нашата љубовна врска на 14 февруари 2022 година, на Денот на вљубените тој одлучи да ме запроси.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-03.jpg

Во организација со мојата сестра, нејзиниот дечко и мојата мајка ми направија незаборавно изненадување, кое ќе го паметам за цел живот.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-04.jpg

Најпрво бевме ние двајца излезени на вечера во еден ресторан на кеј во центарот на Скопје и не можев ништо да забележам дека во меѓувреме ми спрема нешто многу убаво, само малку ми беше чудно бидејќи првпат не ми подари ништо за празникот.

Тоа беше најинтересниот дел бидејќи малку му се налутив, но потоа кога ме однесе во нашиот нов дом, со затворени очи влегов во собата, внатре имаше поставено масички со многу рози, свеќи и табличка на која пишуваше „Will you marry me“.

Почувствував таква среќа која не се опишува со зборови. Тој момент вреди за цел живот.

Нашите подготовки за свадбата почнаа веднаш. Најпрво го одредивме датумот 05 август 2022 година во ресторан Парк, потоа веднаш го закажавме и Бендот Браќа Нуне и Мими Јовановска, црквата е исто така закажана за тој датум во Рождество Пресвета Богородица.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-16.jpg

Сакаме да си ги задржиме сите македонски православни обичаи, ќе има китење на домот во четврток, земање по невеста, црква и потоа ресторан.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-slavjan-bajkovitite-svadbeni-fotki-ni-gi-napravi-sestra-mi-vo-ohrid-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Стефан Филиповски и Тинеа: „Ненајавен фатив авион и дојдов пред нејзината врат... „Ја запознав на свадба кај мој близок пријател кој живее во Виена. Сед...
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Љубовната приказна на ракометарите Андријана и Никола Маркоски: „Се запознавме на тренинг, го изнена... „Свадбата ја правевме во Струга и имавме интересен момент при влегувањето во црк...
Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна ве... Катерина Пипонска, наша некогашна стјуардеса, вели дека во родното Берово ја има...

Најчитани неделава