Нутриционистот и фитнес тренер Ивица Јанев: „Најлоша е комбинацијата од мезе и алкохол, диетите со нејадење го нарушуваат здравјето“

Постојано велите дека луѓето треба да ослабат не заради сопствениот изглед туку заради здравјето. Појаснете ни како се одредува износот на килограмите што е соодветен за секоја личност?

Токму така, потребно е намалиме масти не поради изглед туку поради здравје. Вишокот на масти се ГЛАВЕН ПРИЧИНИТЕЛ за појава на низа медицински состојби кои ни го скратуваат животниот век.

Покачен крвен притисок, диабет, несоодветна работа на срце, црн дроб, тироидна жлезда, бубрези, хормонален дисбаланс се само еден мал број на состојби предизвикани од вишокот килограми.

Колку килограми треба да има една личност е прашање кое е условено преку повеќе варијабли од кои првата поделба е главно поврзана со возраст, висина, моментална килажа и пол.

Со помош на овие варијабли се одредува БМИ или „боди масс индекс“ кој по математичка формула определува процент кој ни укажува на процентот на масти кај нормални луѓе. НАПОМЕНУВАМ БМИ е различно од процент на масти кај личноста!

Процент на масти се утврдува со помош на посебна апаратура и во точност се утврдува процентот на масти, додека БМИ е само показател и нѐ упатува на процент на масти кој пред сѐ важи за нормалните луѓе без физичка активност. Ова е според Светски здраствен институт.

Под 20% спортисти, од 20% до 25% е нормално и препорачано, од 25% до 30% лица со прекумерна килажа, од 30% до 35% прва класа гојазност, 35% до 40% втора класа гојзаност, +40% екстремно висок ризик. Ваков калкулатор имате најдоле на мојата веб страна www.icebbf.com

Европскиот систем на одредување на килажа, пак, користи друг метод кој е поврзан со висина и килажа. Имено за мажи од висината се одзмема коефициент 100 и се добива приближната килажа. Додека кај жени од висината се одзема коефициент 110 и се добива килажата.

На овие бројки се додава или одзема 2-5кг според возраста.

Пример маж висок 178cm според Европскиот институт треба да тежи 75-83kg додека жена на истата висина треба да биде 66-70kg.

Јас сум висок 178kg и моменталната килажа ми е 97kg со процент на масти 10. Додека БМИ ми е 30.6%. БМИ калкулаторот не важи за спортисти, европскиот критериум исто не важи за спортисти.

Кај спортисти се одредува индивидуално.

Досега сте им помогнале на повеќе луѓе значително да ги намалат килограмите и да направат телесна трансформација. Со кои клиенти ви е најтешко да ги постигнете посакуваните резултати, а со кои најлесно?

До денес, 1 октомври 2022 на мојот Инстаграм профил @icebbf  има официјално објавено 496 клиенти за овие 4 години работа во Македонија, додека вкупната бројката на луѓе со кои сум работел и помогнал за овие 4 години овде во Македонија или пак генерално за овие 12 години претпоставете си ја сами...

Јас друга работа немам освен да менувам животи на подобро.

Најтешко е да се работи со луѓе кои не слушаат и не почитуваат! Додека најлесно е да се работи со луѓе кои сакаат да си го променат животот и слушаат и почитуваат.

Моменталната состојба на клиентот дали се 150kg или 60kg е небитно!

Кои се клучните работи за кои водите сметка кога правите план за исхрана за одреден клиент? Дали исхраната се приспособува на начинот на живот на клиентот, на тоа каква работа работи (физичка или умствена) и на некои други здравствени параметри?

Секоја програма се изготвува индивидуално и е еден цел елаборат од 40 до над 50 страни, па се посветува внимание на секој детаљ, освен на моите печатни грешки.

Клиентот добива детален прашалник од над 100 прашања за неговиот досегашен начин на живот, медицинска состојба, навики, исхрана, како се одвива еден негов ден, кои се неговите цели итн. Прави крвна слика, мерки и сѐ што ми е потребно па потоа почнувам со изработка.

Сѐ мора да се прилагоди според мозаикот што тој сам го креира со одговарањето на прашањата, неговите мерки, крваната слика и неговото тело.

Нема опција за неуспех ако се сака да се успее, само времетраењто за решавање на проблемот е различно и зависно од тоа дали работиме на намалување килажа, зголемување мускулна маса, одржување, поставуваме план на движење и многу други најразлични цели!

Која е според вас најголемата грешка што луѓето ја прават кога се обидуваат да ослабат?

Без дискусија најголема грешка е слабеење со нејадење! Или со диета! Што настанува откако ќе заврши таа диета (било која диета) и се вратите на ВАШИОТ нормален начин на исхрана?!

Дали знаете каков стрес и шок му правите на организамот со такви амплитуди на килажата?

Намалувањето на килограмите треба да се резултат на промена на вашиот начин на живот, никако гладување!!! Со гладувањето и не јадењето се СЛАБЕЕ ОРГАНИЗАМОТ и намалува вашиот имунитет!

Секој што ќе ви препорача исхрана со која се забранува или не се препорачува физичка активност ви го уништуа вашето здравје и предизвикува огромна штета на вашиот живот!

Здрав и силен организам не подразбира забрана за физичка активност, тоа е слаб и изнемоштен организам! Здравиот организам е силен и енергичен со физичка активност!

За која храна може да се каже дека е задолжителна или неопходна за секојдневно да се консумира?

- Вода и сол во зависност од личноста... Оваа количина на вода и сол се менува во зависност од телесната килажа на личноста и физичката активност.

- Протеини од животинско и растително потекло;

- Масти со акцент на растително потекло;

- Сложени јаглехидрати.

Каков треба да биде соодносот на внесувањето протеини, јаглехидрати и масти? Како овие состојки влијаат врз организмот и што треба да се внесува повеќе, а што помалку?

Ова е комплексно прашање за кое имам напишано еден цел прирачник, засега необјавен. Накратко ќе го речам следново:

- количината на потребни хранливи материи е во целосна условеност од моменталната ваша килажа и процентот на мускул и масти во сооднос на вашата цел!

- физичката активност е фактор кој игра клучна улога во одредувањето на потребните хранливи материи;

- типот и карактерот на физичката активност одредуваат кои извори ви се повеќе потребни дали јаглехидрати, масти или протеини;

- способноста на организмот за дигестија и апсорпција е условен од досегашниот начин на живот и навики во исхраната. Како што народот вели немаш кондиција за пиење и се опиваш од 2 чашки ракија, така и организмот нема кондиција во јадење за да гради мускул...

- еден момент е насоченост кон остварување на цел, а друг момент е одржување на остварена цел.

Овде има многу за зборување....

Голем број од познатите личности ги споделуваат своите планови на исхрана, па така и Викторија Бекам тврди дека 25 години јаде само риба и зеленчук. Здрав ли е воопшто ваквиот начин на исхрана, кое е вашето мислење?

Прво правило е да ги оставиме познатите личности настрана од нас нормалните!

Маркетингот и продажбата игра главна улога кај познатите, потоа друг момент е ПР со јавноста.

Да не зборувам што се прават или не прават за да остварат одредена физичка цел.

За познатите без разлика во која област се познати знаеме само тоа што тие сакаат ние да знаеме! Сѐ останато не знаеме! Одговорот е во тоа што не го знаеме!

На крај, нема ништо лошо некој да јаде само риба и зеленчук ако него тоа го прави среќен и здрав, спред нивната дефиниција за здравје, само да не се крие кога јаде торти, чоколада и пие алкохол, па да не го наведува народот на заблуда, а кога ќе избие некој скандал за дрога или слично да не се кријат зад очилата за сонце.

На еден организам потребно му е протеин кој може да доаѓа од риба, месо, јајца (објаснивме кој дел од јајцата е битен), грав, леќа... јаглехидрати од ориз, компир, овес, киноа, благ компир... масти од јатки, семиња... а што ние ќе одбереме е само наше право.

За крај што би им порачале на луѓето што сакаат да ослабат, на што треба најмногу да внимаваат пред да почнат на своја рака да практикуваат одреден начин на исхрана?

Единствен совет е едукација! Да побараат професионалец кој ќе ги води и тие истовремено ќе ја остваруваат својата цел и ќе се едуцираат.

Колку често кога ќе ни се расипе автомобилот или дупне гумата сами ја поправаме, а колку често одиме кај професионелц во областа? Зарем колата е позначајна и поскапа од нашиот живот и здравје?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg