Нутриционистот и фитнес тренер Ивица Јанев: „Најлоша е комбинацијата од мезе и алкохол, диетите со нејадење го нарушуваат здравјето“

„На седенките внесуваме повеќе калории од тоа што ни треба за цел ден, јајцата може да се одвојуваат и секој индивидуално одредува колку треба да внесува белки, а колку жолчки, а диетите со нејадење го ослабуваат организмот“ – вели во интервју за CRNOBELO.com нутриционистот и фитнес тренер Ивица Јанев, со кого продискутиравме за некои митови поврзани со исхраната, но и за тоа кои се најголемите грешки што ги прават Македонците.

nutricionistot-i-fitnes-trener-ivica-janev-najlosha-e-kombinacijata-od-meze-i-alkohol-dietite-so-nejadenje-go-narushuvaat-zdravjeto-01.jpg

Ивица Јанев (36) e нутриционист и фитнес инструктор кој повеќе од 12 години им помага на луѓето да ги променат сопствените животи.

Во последните 4 години Ице работи во Македонија, но и со Македонците ширум светот, а во тој период со негова помош вкупно 496 луѓе успеале да ги променат сопствените животи.

Ивица по потекло е од Неготино, а досега живеел на повеќе места на релација Скопје – САД – Грција.

Откако во Македонија завршил додипломски и постдипломски студии и се стекнал со титула магистер, уште следниот ден заминал во САД каде се образувал во топ 3 универзитетите во светот во областа на Нутриционизмот и фитнесот: NASM, ISSA, NSCF.

View this post on Instagram

A post shared by ICE BBF (@icebbf)

Во Македонија се вратил во 2018-та година и оттогаш се обидува тука да го пренесе стекнатото искуство во САД.

Во тој период започнал со online coaching, за кое вели дека во тоа време било табу тема, а денес прераснало во масовна појава.

„Борбата за опстанок и подобар живот ме научи дека образованието не завршува откако ќе завршиш факултет, туку тогаш започнува.

Во моментот кога имаме одредено знаење, се раѓа желбата да дознаеме повеќе и да се надоградиме, затоа покрај овие универзитети имам и уште неколку курсеви за конкретни области во исхраната и вежбањето“ – појаснува тој за CRNOBELO.com.

Освен во работата со клиенти, Ивица досега има и повеќе високо остварени резултати во областа на Бодибилдинг и Фитнес, но, според него најзначајни се титулите:

  • 2018 Апсолутен победник во Man Muscular Physique World Golden Cup, Beograd Serbia;
  • 2019 Апсолутен шампион на Република Македонија во Бодибилдинг;
  • 2019 Балкански шампион Classic Physique, Corfu Greece.

Во интервју за CRNOBELO.com Ивица одговори на повеќе прашања поврзани со исхраната и навиките за слабеење што ги практикуваат Македонците, за тоа каде се најголемите грешки и на што треба да се внимава.

Ивица ни помогна да разрешиме неколку „митови“ за исхраната што можеби од колено на колено ни ги пренесуваат родителите и повозрасните, но и ни појасни во колкава мера треба да им веруваме на начините за здрав живот и исхрана кои ги промовираат славните.

Во продолжение проследете го во целост интервјуто со Ивица:

Кои се најлошите комбинации во исхраната што ги практикуваат Македонците и што значајно влијаат на таложењето на килограмите?

На старт одма без двоумење би рекол храна и алкохол! Интересно е што проблемот за нашата нација не е само во изборот на храната туку во количината на храната, па и пијалокот со неа.

Во Македонија класична седенка дали во домашни услови или во кафана како и да не може да се замисли без алкохол и поголема количина на храна.

Таа седенка секогаш започнува со некоја чашка ракија со салата (одвоено земено салата е богата со влакна, витамини, минереали баш тоа што ни треба, но за жал со алкохолот нашето тело ја губи способноста за правилна дигестија и апсорпција), па потоа многу месо, претежно црвено, а обавезно да има ребро во фурна, па некое убаво винце... ммм превкусно нели?

Ова сите сме го искусиле и виделе дека е секојдневие кај нас. Но, на кој момент не сме обратиле внимание?!

Што се случува со нашиот организам кога така си седиме и уживаме релаксирани и тоа сето го комбинираме со споменатата храна погоре?

Најпрво внесуваме калории во една огромна бројка, најверојатно повеќе од тоа што ни треба за цел ден. Тоа се најмногу калории од шеќери, масти и прости хидрати. 

Кога консумираме алкохол да разбереме дека консумираме калории од шеќер, бидејки алкохолот се добива од ферментиран шеќер.

Со самото консумирање на алкохол предизвикуваме огромен стрес во нашиот организам за кој не сме ни свесни (посебна тема алкохол и стрес за која 2 години правев истражување со соодветна база на податоци).

Со консумирањето на алкохолот телото ја губи способноста за правилна дигестија и апсорпција.

ПС: препорачувам после таква седенка следното утро да направите крвна слика... Па потоа најверојатно ќе размислите какви седенки ќе практикувате.

Дали правилото дека не смеат да се јадат повеќе од 2 јајца дневно е мит или вистина? Зошто?

Во науката посотојат АКСИОМИ кои не се предмет на докажување и ТЕОРЕМИ кои се докажуваат, проверуваат итн.

Вредностите и значењето на јајцата во нутриционизмот се земени како основа на здравата исхрана и на таа тема не се дискутира! Тоа е една основна aксиома на која е базирана оваа наука.

ШТО СЕ ДИСКУТИРА и каде се јавува ПРОБЛЕМОТ поврзан со јајцата?

Во незнаењето дека јајцето има белка и жолчка... дека тие се третираат како 2 различни извори на храна бидејќи лесно се одвојливи.

За жал и многу доктори во нашава Македонија секојдневно ги слушам и гледам како кај одредени пациенти забрануваат да се консумираат јајца или пак јајцата често ги вбројуваат во изворите на храна на кои се нетолерантни!

Навистина ми е е жал бидејќи уште има такво незнаење дека белката и жолчката се одвојуваат и дека може да се јаде само белка.

БЕЛКАТА од јајце како засебен хранлив извор е НАЈЧИСТ ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ПРОТЕИН до кој ние може да стигнеме во секојдневното живеење. 

1 белка во зависност од големината на јајцето содржи од 3-4 грама протеин и сите други вредности се НУЛА... или 0.06г масти....0.2г јагленохидрати...

Додека жолчката е сосема друга приказна и тука има една цела проблематика позади неа. Таа содржи значително голем процент на масти кои можат да предизвикаат одредени последици на нашиот организам.

Конкретно 1 жолчка во зависност од големината содржи 4.5-5г масти, 0.6г јагленохидрати, 2.7-3г протеин.

Колку белки, а колку жолчки може и треба да се користат во тек на еден ден е во зависност од дневната потреба за хранливи вредности кај индивидуата.

Непрофесионално и аматерски е да се каже дека личност на 55кг и личност на 95кг треба да јадат иста количина, како што и индивидуа која има или индивидуа што нема физичка активност, дека треба да јадат исто.

Ова е еден друг момент каде се прават огромни грешки кога лицата не се третитраат индивидуално.

На пример, јас во тек на еден ден јадам од 10 до 20 белки секој ден во последните 15 години, бидејќи тоа се најбрзиот и најлесниот извор на протеин што може да се пронајде кај нас.

Додека бројот на жолчките зависи од тоа колкав процент на масти треба да внесам во тек на еден ден.

Конкретно јас внесувам околу 15-20г масти од жолчки тоа се 3-4 жолчки, а останатите се од растително потекло како јаткасти плодови и семиња.

Резиме: Не може накратко да се објасни проблематика поврзана со исхрана, исхраната е комплицирана наука што не може туку така да се разбере и усоврши!

Исто така, постојат тврдења дека комбинациите на риба со сирење или риба со пиво се токсични. Точни ли се овие тврдења или не и зошто?

Ова повторно е тема за која е потребно огромно објаснување! Тука нема да се задржам многу само едноставно ќе објаснам.

За риба и пиво дека е токсично првпат слушам од Вас, ама ќе речам дека сѐ може да биде комплицирано и да стане проблематично кога алкохол е во прашање, а особено ако се претера! Можеби баш и оттука доаѓа проблемот.

Риба и сирење или млечни производи - токсична комбинација.

Верувањето дека јадење риба и млечни производи може да предизвика проблеми со кожата и појава на одредени дамки датира уште од стариот Ерусалим.

За оваа проблематика се зборува и во Ayurveda наука за исхраната и алтернатаивна медицина стара над 5.000 години.

Додека ние сме го слушнале од нашите постари баби и дедовци, па како таков податок е пренесувано до ден-денес.

Ова е верување кое е присутно во разни култури, но не секаде. Имено Ayurveda нѐ учи дека млекото има ефект на ладење на организамот, а рибата пак има спротивен, ова предизвикува дисбаланс на организамот.

Јас сум човек што се базира на наука па и така да го објаснам.

Сѐ додека личноста која ги консумира нема алергија на наведените производи, нема опасност од нивното користење.

Но, потребно е да се нагласи дека засебно рибата и сирењето се два сосема различни извори на нутритивни вредности кои се особено силни и за кои се користат различни ензими за нивна дигестија.

Како такви, науката вели дека луѓето со послаб имунитет може да осетат тешкотии во варењето на храната.

Резиме: Науката вели оваа комбинација е далеку од токсична, но луѓето со послаб имунитет или сензитивен дигестивен систем да ја избегнуваат.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg