Лолита од Скопје за борбата со неплодност: „Подготвувајќи се за ин витро останав бремена по природен пат – медицината не е математика“

Што беше тоа што според тебе, ти помогна да си ги зголемиш шансите за бременост и покрај негативните лекарски прогнози?

Знаете, кога одите после подолго време на доктор специјалист и кога ги гледа наодите и на ехо не гледа ништо освен „празен“ еден фоликул (а тој фоликул испушти две јајце клетки и Хана и Зои се родија) кога ви кажува дека вашето тело веќе не може да создаде ,,здрави” јајце клетки, нема веќе резерви и дека не може ништо во врска со мојата состојба да направи, вие пред сѐ сте во шок!

Шок, како е можно еден доктор тоа да го изусти, шок како е можно тоа да го кажува како на шега, шок како е можно една трошка надеж да ви даде!

Никој не може да ви каже колку деца ќе имате! „Ај имате едно, што ќе се бавтате по институции за џабе!“ Тоа за мене не се доктори кои треба да работат во реномирани институции и со пациенти кои се борат со години со неплодност!

Пак избегав од темата. Ништо посебно не променив. Поради состојбата со ендометриозата, веќе долги години не јадам месо, тој период бев на растителна исхрана.

Не сакав во телото да внесувам никакви хормони, ниту пак храна од животинско потекло. Умерено вежбање и тоа мислам многу ми помогна. Најмногу во градење на појак имунитет, супер крвна слика, супер ендометриум.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-medicinata-ne-e-matematika-08.jpeg

Можеш ли накратко да го опишеш чувството во моментот кога ги виде позитивните тестови за бременост и кога дозна дека си бремена?

Чувството не се опишува со зборови! Тоа беше шок и неверување!

Додека сопругот беше сигурен дека сум бремена за инает на сите доктори тој месец, јас бев сигурна дека не сум или ако сум тоа нема да е успешно. Веднаш закажав преглед и тогаш се виде едно мало точкиче во 5-тата недела од бременоста. На среќата ѝ немаше крај.

Потоа, после две недели кога требаше за срцева акција да одам се видоа две точкички една до друга најубави!

Е, тоа беше веќе возбуда, среќа, страв и доказ за сите специјалисти во својата работа да сфатат и видат дека 2+2 не е 4 во медицината! Ми се наполни душата и она чувство: „Аххх вие мене ќе ми кажете дека не можам деца да имам повеќе!“. Веднаш им пишав на тие доктори, морав!

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by @twinsbeansmk

На својот Инстаграм профил споделуваш и совети за лежечка бременост. Кажи ни колку време беше постојано во кревет и што подразбира тоа – дали воопшто смееш да станеш и ако станеш на што треба најмногу да се внимава?

Аххх, лежечка состојба. Психички тука многу може една жена да падне ако нема доволно поддршка. Ќе си рече некој: „еј што убаво ти е па само си лежиш“.

Ама, тоа не е баш така. Имам доста жени со кои комуницирам и се во лежечка положба и си даваме односно им давам поддршка и надеж. Тоа е многу важно. Јас немав никој што се соочил со тоа додека лежев. Плус, имав две годишно детенце што си бараше внимание и сл.

Иако, никој доктор нема да ти каже мора да лежиш 24/7 кога имаш близначка бременост и краток цервикс плус и серклаж, јас посоветувајќи се од искуството на жени од Америка и доктори од таму специјалисти, решив дека цела бременост до крај не станувам!

Ќе издржам сѐ само да е се во ред со бебенцата! Тоа е период, си велев, кој брзо ќе заврши. Едноставно си уживав ама тоа е состојба на умот. Кој се соочува со лежечка бременост слободно нека ми пише, тука сум за поддршка.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-medicinata-ne-e-matematika-03.jpg

Како реагираше поголемата ќерка во периодот додека бевте бремена? Дали се роди љубомора или беше возбудена што наскоро ќе има нови членови во семејството?

Лана имаше две годинки и воопшто немаше никаква љубомора ете и до ден денес нема во врска со тие емотивни емоции или внимание.

Беше многу разбрана и возбудена и само ми го бакнуваше мешето и гледаше колку брзо расте и расте.

Среќа одеше во градинка, а потоа прошетка со тато бидејќи цело лето јас го прележав. Скоро пола година ја поминав во лежечка и полу седечка положба.

Но, и во таква позиција јас си уживав со Лана. Се гушкавме, се заспивавме си боевме игравме на кревет и воопшто не го осети тој момент на отфрлање или сл.

Кој ви беше најголема поддршка за време на целиот тој пат?

Најголема поддршка секако ми беше сопругот и моите најблиски.

Лежев во време кога имаше Корона, па и така ми одговараше тоа што уживам самата со себе цел ден и некако тој период станав интровертна личност.

Што би им порачале на сите жени што се борат со неплодност?

Никогаш да не се откажувате од вашата цел кон потомство без разлика какви се резултатите и што докторите ви кажале.

Слушајте си го телото, променете нешто лично на вас што мислите дека ќе ви одговара. Бидете свои, грижете се за вашето физичко и психичко здравје и ќе успеете во сѐ што ќе посакате и сакате. Доколку сакате плус поддршка, слободно пишете ми на профилот на Инстаграм.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...

Најчитани неделава