Лолита од Скопје за борбата со неплодност: „Подготвувајќи се за ин витро останав бремена по природен пат – медицината не е математика“

„Кога доктор специјалист ги гледа наодите и на ехо не гледа ништо освен „празен“ еден фоликул што не може да создаде „здрави” јајце клетки, вие сте во шок! Кога на ехо се видоа две точкички една до друга тоа беше веќе возбуда, среќа, страв и доказ за сите специјалисти во својата работа да сфатат и видат дека 2+2 не е 4 во медицината“ – вели за CRNOBELO.com Лолита Цимеркова, која отворено зборува за својата борба за потомство и ја споделува речиси неверојатната приказна за тоа како и покрај сите негативни прогнози на лекарите, успеала да забремени по природен пат.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-dokazhav-deka-medicinata-ne-e-matematika-01.jpg

Лолита Цимеркова е 36 годишна жена, мајка на 3 дечиња, која водена од сопствените искуства за борба за потомство денес упатува поддршка до голем број бремени мајки и жени што се случуваат со слични состојби како нејзините, а нејзиниот Инстаграм профил @twinsbeans е доза надеж за сите жени што подолго време се соочуваат со неплодност и ја водат битката за потомство.

Лолита е магистер по Деловна Економија и Организациски науки, која работи како маркетинг менаџер, а на социјалните мрежи отворено зборува за своите искуства со борбата со неплодност, ендометриоза и лежечка бременост. 

Нејзините близначиња Хана и Зои имаат 1 година, а Лана 4 години и сите искуства и сите препораки што Лолита ги споделува на профилот се од нејзино лично искуство, но и од совети со специјалисти и педијатри.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-medicinata-ne-e-matematika-04.jpeg

Како жена која се соочила со голем број предизвици во битката за потомство и која успеала да ги победи лекарските прогнози дека никогаш нема да стане мајка по вторпат, Лолита е секогаш позитивна и се обидува да им влее надеж и да им даде поддршка на жените што го чекорат овој тежок пат.

Во интервју за CRNOBELO.com Лолита ја раскажува својата приказна за тоа како воопшто кај неа дошло до компликации за забременување, но и какво било чувството кога наспроти сите лекарски прогнози таа успеала да остане бремена со близначиња по природен пат.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-medicinata-ne-e-matematika-05.jpeg

Дали претходно имаше проблеми со зачнување со првото дете или проблемите настанаа откако се обиде да станеш мајка по вторпат?

Првата бременост ми беше со близначиња, но за жал во 8-мата недела од бременоста се прекина, поради престанок на срцева акција. Поради киретажата која е направена, имав запушување на каналите и појава на ендометриоза која со помош на интервенција се воспостави дека е од 4-ти степен.

Потоа, бев три месеци во вештачка менопауза и поради фактот дека сѐ уште имав жаришта и состојба наречена ендометриоза, се решив да не чекам природно да дојде до бременост и затоа, после три месеци од последната терапија, со помош на инсеминација, останав бремена со првото детенце.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-medicinata-ne-e-matematika-06.jpg

Дали можеш да ни појасниш како одлучи да започнеш со ин витро постапка за втората бременост – дали тоа беше по препорака на лекар или самостојно одлучи да консултирате специјалисти?

Кога одлучив дека сакам друго бебенце, поради мојата претходна состојба морав да проверам дали е сѐ во ред. Односно, направив испитување на хормоните и прегледи.

Хормоналниот статус според бројките ми беше очаен, односно имав висок FSH, и сите бројки укажуваа дека сум влезена во пред менопаузна состојба.

АМХ хормонот ми беше 0.059 што е невозможно според овие бројки некој доктор да ти каже дека можеш природно да забремениш.

И тоа е во ред, но медицината не е математика.

Докторите, иако сите истото ми го велеа, јас не се откажував и не им верував. Па никој не си го познава толку добро своето тело како ние самите. Знам дека ние жените сме едно големо чудо и дека ќе успееме во сѐ, макар и да е невозможно според тоа што другите го гледаат.

Но, ајде да се навратам на прашањето. По препорака на мојот почитуван Д-р. Лазаревски кој верува во чуда и секогаш дава малку повеќе надеж од другите и мојата прекрасна матична докторка Д-р. Надица Ѓероска, со нивната поддршка почнавме да собираме документи за ин витро.

Кој го знае, тој процес е многу стресен и долг. Плус, никој не ти гарантира дека ќе успее, посебно во мојот случај каде не смееше никаква стимулација или лекарства, освен суплементи да се дава.

И баш тој месец, кога испитував хормони, кога бев кај четири специјалисти, кога собирав документи за ин витро, јас баш тој месец останав природно бремена и тоа не со едно, туку со две бебенца.

lolita-od-skopje-za-borbata-so-neplodnost-podgotvuvajkji-se-za-in-vitro-ostanav-bremena-po-priroden-pat-medicinata-ne-e-matematika-07.jpg

Претходно откри дека си имала проблеми со ендометриоза, можеш ли накратко да ни појасниш кои беа симптомите за оваа состојба – како откри дека се соочуваш со таква состојба?

Никој доктор не може да ви каже со сигурност какво е потеклото на цистата и дали е тоа ендометриоза или нешто друго, сѐ додека не се направи лапароскопска интервенција.

Јас, подолго време имав некоја мала циста во јајникот, но тоа не беше ништо страшно. Но, поради неа имав многу болна менструација.

Потоа, после киретажата јас не добивав три месеци. Мислев дека тоа ми е од стрес, имав доста болки и каналите ми биле слепени и затоа крварењето наместо да се слевало како што секој месец треба, кај мене се задржувало во организмот тие месеци и поради тоа морав по втор пат да одам на киретажа.

Но, за жал поголем проблем ми направија и морав да се соочувам со лапароскопија и вештачка менопауза. Тоа е многу стресна состојба, кога не знаеш дали некогаш ќе имаш способност да забремениш пак. Но, јас не ни размислував на таа тема реално и не се оптеретував.

Но, секаде ќе прочитате дека ендометриозата е состојба на телото кое може да ти предизвика многу неугодности и проблеми до неплодност.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg