„Работам во градската болница во Велес – ќе ви ја раскажам трогателната приказна за тинејџерот (17), зависник од дрога“

Кога изутрината влегов во собата ги начекав мајката и синот во прегратка, двајцата како плачат. Ем ми беше срцето раскинато, ем ми беше полно со среќа. Не може тоа чувство да се опише. На креветот до неговите нозе беа ставени неколку подароци завиткани во светликава хартија.

И во тој момент, влезе татко му, а зад него обезбедувањето. Како што претпоставивме, почна да вика силно, да се заканува, да ја навредува и обвинува неговата бивша сопруга за наводно неверство, за сенешто.

А таа тивко само му рече: „Јас ти простив тебе одамна. Твојата параноја е болест, и веруваш во работи кои не се таму... ама јас одамна ти простив...“

Потоа таткото почна да се заканува со судови, адвокати, дека ќе го одземе синот и ќе го пресели во Скопје, дека никогаш нема да го види.

И тогаш синот прозборе, и рече: „Ти никогаш не беше добар татко. Да беше, ќе знаеше дека денес полнам 18 години, и дека јас бирам со кого ќе бидам. А бирам да си одам со мама, кај баба и дедо. Простено ти е и од мене, ама ти и јас немаме веќе ништо заедничко.“

Тогаш ми стана јасно сè. Како мајка му по телефон ми кажа дека знаела дека ќе се јави баш тогаш како и подароците на креветот.

За првпат во мојот живот го видов неговиот татко како остана без зборови. Немаше што да каже. Од тоа што знаеше дека син му е во право, се сврте накај нас.

Почна да се заканува како ќе ни се одмазди нас, и ќе ја уништи болницата што дозволила влез на неговата бивша сопруга. Знаевме секако дека блефира и дека само се „истураше“ врз нас. Дури личеше и комично.

Нè истурка и си замина од собата.

Триумфално мајката и синот се прегрнаа.

Неколку месеци после тоа, слушнав како синот заминал во некој манастир малку да се одмори од сè. Се излечил од неговите зависности и заминал да студира во Скопје. Почна да се вади од калта во која беше ставен од неговиот токсичен татко.

Сега има сопствен бизнис, во брак е, и има две дечиња. Ги гледам како шетаат низ градот со мајка му многу често. Никогаш не ме одминуваат. Секогаш застануваме да се поздравиме.

Rabotam-vo-bolnica-ushte-edna-trogatelna-prikazna-za-tinejdzerot-i-prostuvanjeto-03.jpg

Татко му почина пред 10 години од канцер, сам во својот дом. На погребот присуствуваа и неговата бивша сопруга и синот.

Моќта не значи ништо. Секогаш времето ја покажува вистинската приказна. Затоа простувањето е нешто кое е должност на сите нас.

Тие му простија него. Ама тој се чинеше дека не можеше да си прости себеси.

И гордоста го изеде, и го остави да си почине сам. Затоа не треба да се троши време на гордост, на злоба, на его, на непростување. Животот е премногу краток за да може да се остават нештата недоречени и расклатени.

А сите ние сме толку кревки и минливи, со една голема должност врз себе: да примаме прошка, и да простуваме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...

Најчитани неделава