Цветанка (36) од Битола е бодибилдерка и мајка на две деца: „Сопругот ми е најголема поддршка“

Во однос на исхраната, што е она што постојано го консумираш, а што е она што целосно е исфрлено од твојата исхрана?

Во мојот оброк ги има сите макронутриенти (јаглени хидрати, масти, протеини) ориз, компир, оризови галети, путер од кикиритки, банани, шумско овошје, јајца, мисиркино, телешко и пилешко месо, овес, јаткасти плодови, риба, грчки јогурт, многу салати, кои нормално сите се распоредени во количина која е соодветна за мојата цел, избегнувам алкохол, брза храна, шеќери.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-31.jpg

Кога почна да се натпреваруваш на натпревари за бодибилдинг и колку трофеи си добила досега и која е твојата цел за во блиска иднина?

Посветено работиме на нови проекти и внимателно ги следиме сите трендови во светски рамки во однос на подобрување на целосното здравје и добросостојба на една жена.

Сакаме да придонесеме за секоја жена подобро да се чувствува во своја кожа и да биде најдобрата верзија од самата себе.

Во блиска иднина имам за цел и работам на тоа да се претставам на натпревари за бодибилдинг надвор од државата (балканско, европско, светско) и ќе ја најавам својата линија на спортска облека како и страната каде што ќе можете да најдете вежби, совети за исхрана и нешто повеќе за светот на бодибилдингот.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-35.jpg

Колку време ви е потребно за да се подготвиш за учество на еден натпревар за бодибилдинг? Постои ли нешто што избегнуваш да го правиш пред натпревар и зошто?

Обично подготовките траат 3-4 месеци. Работи кои ги правам пред самиот натпревар се да имам поголем фокус на работите што треба да ги правам, во таа смисла што ги избегнувам сите работи кои би ми биле пречка да се посветам максимално на работата, затоа што овој спорт не е само физички, туку и психички и бара голема ментална способност за да го издржиш целиот тој процес.

Избегнувам да јадам во ресторан, целата храна ја приготвувам дома, затоа што е многу битно да сме прецизни со храната. Избегнувам социјални настани затоа што навистина ја одземаат енергијата која е потребна за да го направам посакуваниот прогрес кој од мене се бара за да го постигнам тоа што го сакам.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-37.jpg

Колку имаш време како мајка и како сопруга да останеш посветена на тренинзите? Дали сметаш дека семејството те ограничува во однос на тоа што си го постигнала досега?

Пред да започнам да се занимавам професионално со овој спорт најнапред побарав поддршка од мојот сопруг, затоа што тоа е и најбитно, без поддршката од најблиските целиот овој процес не би бил успешен. Секако тука е и балансот, мора да научите како да ги балансирате овие работи зашто овој спорт не бара само пожртвуваност од вас туку и од најблиските околу вас. Како мајка на две мали деца (4 и 5 години), се организирам временски да можам да го постигнам сето тоа што е потребно за да дојдеш до степен на успешност во овој спорт.

Тајната е рано станување, претходна подготовка на храна за мене и за децата, извршување на работните обврски, секако тука ја имам и помошта и поддршката од моите родители но најмногу од се желбата, волјата и дисциплината.

Сепак колку и да имате помош кога станува збор за болест или настинка мојата улога како мајка е незаменлива. Семејството не треба да е пречка туку напротив, причина повеќе да се изборите за вашата цел за да му дадете пример на вашите деца никогаш да не се откажуваат од своите цели и соништа.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-30.jpg

Можеш ли накратко да ни појасниш како се станува инструктор по бодибилдинг?

Јас лично се стекнав со сертификат за фитнес и бодибилдинг тренер кој се состои од практичен и теоретски дел, преку Академија на бодибилдинг и фитнес федерација на Република Македонија, чиј претседател е Бобан Ѓороски. Ваквиот тип на сертификат наскоро ќе биде и задолжителен доколку сакате да работите во која било теретана во државата.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-25.jpg

Дали младите девојки во Македонија покажуваат интерес за овој спорт и колку се истрајни?

Прилично е голем бројот на млади девојки кои покажуваат интерес за овој спорт. Но сепак се надевам дека тоа ќе биде на долги патеки не само за една сезона.

Сепак овој професионален спорт бара не само што бара пожртвуваност и дисциплина туку и добра финансиска потпора која не секој може да си ја дозволи. Мене лично ми е целта унапредување на овој спорт како професија посебно за жените на моја возраст и со обврски како моите.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-23.jpg

Што мислиш дека е основно што ги спречува младите поактивно да се занимаваат со бодибилдинг?

Би рекла недоволна дисциплина, континуитет, мислењето дека го имаат целото време на светот, и негово пролонгирање со цел да „поуживаат“ уште малку во благодатите на ноќниот живот, немањето на здрави навики, станување доцна.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-29.jpg

Што би им порачала на сите девојки што размислуваат да почнат да работат на изгледот на сопственото тело?

Доколку сакате да изгледате здраво и сакате да почнете да работите на подобрување на изгледот на вашето тело најпрво исфрлете ја цела нездрава храна од вашето мени, постепено воведувајте здрави навики и не мислам само на храна и вежбање, туку рано станување на сабајле, имајте своја магична напивка за детоксикација со вода, мед, лимон, ѓумбир или нешто слично, и првиот состанок на сабајле да ви биде со самите себеси (медитација со самите себеси) наместо со телефон и социјалните мрежи.

Со овие прости навики ќе научите како најпрво да се контролирате самите себе, а тоа е вистински пат кон стекнување на дисциплина што е најбитна за да можете да имате резултати од ова патување.

cvetanka-od-bitola-e-fitnes-senzacija-i-majka-semejstvoto-ne-mi-e-prechka-tuku-pogolema-prichina-za-da-gi-ostvaram-svoite-sonishta-36.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, ка... „Дијабетесот не е болест туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочиј...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg