Пулексенија Јованоска: „На 29 години се пензионирам од карате, бев 12-кратен државен шампион, ја претставував Македонија на Олимпијада“

„Со кариерата завршувам оваа година, сметам дека е доволно. Најбитно е во животот да знаеш кога е доста. Јас освоив сè што сакав. Дијагнозата витилиго ја добив на мои 19 години. Не ми пречи и за тоа јавно зборувам. Тоа е надворешен „недостаток“ којшто само естетски може да влијае. Какви страшни дијагнози има во денешно време, фала му на Бога што е единствено нешто што Господ ми го дал како предизвик да се носам со него“, споделува за CRNOBELO.com Пулексенија Јованоска (29) од Прилеп, наш 12-кратен шампион во карате и Олимпиец.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-01.jpg

Пулексенија Јованоска (29) од Прилеп, дипломиран економист е 12-кратен државен шампион во карате. Има освоено европски медал, била Балкански шампион и Олимпиец.

Taa е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на Олимписки игри и иако заврши на деветтото место, сепак ја направи горда нашата земја. 

Вели дека во животот ѝ е најважно да биде ведра, храбра и своја.

Во интервју за CRNOBELO.com таа говори за кариерата, успесите, но и дијагнозата витилиго:

Кога почна да тренираш карате и како се вљуби во овој спорт?

Со каратето се сретнав на мои 6 години, во Прилеп. Преку каратето учев за прогрес скала по скала. Најпрво се заљубив во тој начин на вреднување и напредок. За секој нов степен на знаење добивав „повисок“ појас.

И тоа ме навлече, да се трудам за уште повисока скала, и така љубопитно скала по скала, напредував и започна таа приказна.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-08.jpg

Колку пати неделно тренираш? Се случуваат ли повреди? Која ти е најсериозната досега?

Кога станува збор за тренинзите, сè зависи од тоа за каде се подготвувам, кој период од годината е, дали кревам форма, одржувам или оставам да е рамна линија.

Да се случуваат повремено е нормално, особено кога тренираме напорно, два до три пати дневно со висок интензитет, или едноставно кога телото дава сигнали дека е потребен одмор.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-06.jpg

Како и сите спортисти, најмногу страдам од колената. Со операции сето тоа се средува брзо и ефикасно и се враќам на тренинг.

Не би придавала на важност на повредите, бидејќи сè додека повредата не те откажала трајно од спортот не е сериозна.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-03.jpg

Што е најважно во овој спорт?

Во каратето најважна е концентрацијата со фокус и контрола на телото и умот со совршен баланс.

Сè останато како и во другите спортови е исто. Ако треба да издвојам би спомнала дека менталната спремност игра можеби најголема улога.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-14.jpg

Тајната на твојот успех се крие во…

Тајната на успехот се крие во вербата, кога нешто работиш посветено, чесно и истрајно. Не може да не биде наградено.

Еднаш ќе изгубиш, пак ќе изгубиш, и пак и пак ама само со упорност ќе стигнеш до успех.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-07.jpg

На што си горда најмногу? Кои се твоите најзначајни титули?

Најмногу сум горда на Олимпијадата, како остварен сон. Како невозможна мисија што ја реализирав. Секако на сите успеси, медали, титули, признанија, оскари.

Горда не ме прават само успесите, горда сум на луѓето околу мене што ме поддржуваат и охрабруваат кога ни јас самата не се трпам веќе. На родителите кои безусловно ме поддржуваат низ сите овие години.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-05.jpg

Колку во Македонија се цени каратето? Како е ситуацијата во светот? Колку патуваш низ светот поради натпревари и првенства?

Македонија е прекрасна земја преполна со таленти, но за жал ситуацијата не е сјајна, како и во останатите спортови, така и во каратето.

Иако каратето не е на добар ритам на напредок ниту на светско ниво.

Меѓутоа, не би сакала да се жалам, спортот ми пружи многу, го прошетав скоро целиот свет, сите дестинации за коишто сонував, и не би можела да си ги дозволам, ниту финансиски, ниту пак временски што и да би работела, а да не е спорт.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-09.jpg

Ми пружи можности за нови пријателства, животни искуства, вредности за коишто учев, нови обичаи и ритуали со кои се среќавав. Премногу дестинации, кои секогаш наоѓав или „крадев“ време да ги истражувам.

Задолжително шетав низ местото каде што се натпреваруваме, сакав да видам знаменитости, по што е познато, кои се главни обележја.

Освен Токио, за кој не треба опис. Би ја издвоила Русија и Мароко, Москва беше како од бајките, раскошна, а толку организирана, а луѓето во Казабланка беа меки како памук, земја преколористична.

Јас сум човек што ужива во сите моменти што ги пружа животот. Така што во секое патување барам нешто да ме воодушеви и си го врежувам во срцето.

puleksenija-jovanoska-na-29-godini-se-penzioniram-od-karate-vitiligo-dobiv-na-19-godini-i-ne-mi-prechi-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg