„Вредеа тренинзите, потта и солзите“ – Македонската каратистка која испиша историја на Олимписките игри

„Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди“ - вели Пулексенија Јованоска, каратистката која со години реди спортски успеси, а сега нè направи горди пред светот со успехот кој го постигна во Токио. Браво! 

puliksenija-jovanoska-e-edna-od-najubavite-makedonski-sportiski-a-se-vrakja-so-golem-uspeh-od-tokio-01.jpg

Пулексенија Јованоска е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на Олимписки игри и иако заврши на деветтото место, сепак е горда со сопствените успеси со кои ја направи горда нашата земја. 

Таа освои 23,80 поени во првото и 24 поени во второто коло, што не беше доволно да се пробие меѓу првите три места, кои обезбедуваа натамошен пласман, но постигна најдобар личен резултат.

Јованоска изјави дека е горда на својот настап и поради фактот што беше дел од испишувањето на новата историја на македонското карате на Олимписките игри. Таа денес на Фејсбук  напиша:

„Каков ден. Испишав историја за македонското карате. Мојот сон реалност. Олимписки игри - Токио 2020. Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди...  Презадоволна од се што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9-тата  позиција. Прво коло 23.80. Второ коло 24.00 (мој најдобар резултат). Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години!“

Прилепчанката Пулексенија Јованоска во 2019-тата беше избрана за Спортист на годината во изборот на Агецијата за Млади и Спорт во соработка со медиумите во државата.

Таа е носител на меѓународни медали, а годинава се избори да биде претставник на Македонија на Летните Олимписки игри што се оддржуваат во Токио, Јапонија.

„Пулексенија Јованоска со многу добра изведба на двете кати во квалификациите на Олимписките игри го освои 9-тото место, во конкуренција на 10-те најдобри каратистки од целиот свет“, пишува на страницата на МОК на Facebook.

https://www.facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok/photos/a.1689983414546619/3020836161461331/

Инаку, годинава за првпат во рамки на летните олимписки игри беа воведени и натпреварите во карате, со тоа Пулексенија е првите македонски каратистки што воопшто настапиле на олимпијада.

Таа ја вивна Македонија меѓу десетте најдобри земји во спортот и е нашата спортска гордост! Браво!

Погледнете повеќе фотографии од Пулексенија во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 20... Помина времето кога партнерките на фудбалерите беа познати само поради врската с...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...

Најчитани неделава