Нутриционистот и фитнес тренер Ивица Јанев: „Јаболковиот оцет ќе помогне со прејадувањето, јадете пилешко на скара место свинско“

Постои ли нешто што ти ќе избегнеш да го јадеш за време на бадниковата вечера? Зошто?

За Бадниковата вечер јас нема ништо да избегнувам единствено ќе внимавам на количината. Бадниковата вечер е посна и однапред мојата сопруга знае што треба да приготви во насока на нашето домашно мени.

Гравот, леќата, посните сарми, рибата, погачата се во нашата традиција и секако дека ќе јадам од сè. Ова е Рождението Христово и ќе му оддадеме почит како што треба бидејќи можеме и смееме.

Од друга страна јас водам евиденција за мојата исхрана секој ден во годината и секако дека можам да си допуштам луксузи и тие нема да ми го променат ни мојот изглед ни мојата форма ако јас правилно постапувам со таков луксузен оброк и имам соодветен протокол.

Јас баш ова ги учам сите мои клиенти: „вежбаш и се храниш здраво и правилно секој ден, за кога ќе дојде празник или посебен момент да се опуштиш без грижа и да имаш соодветен протокол на постапување со луксузен оброк“.

nutricionistot-i-fitnes-trener-ivica-janev-jabolkoviot-ocet-kje-pomogne-so-prejaduvanjeto-praznicite-ne-se-izgovor-za-celodnevno-jadenje-bez-merka-09.jpg.jpg

По завршувањето на празниците што треба да направиме за брзо да се вратиме во форма?

Во насока на тренинзите доколку сме имале пауза од повеќе последователни денови (5+) започнуваме полабаво, не одма со јаки тренинзи за да не дојде до повреда, убаво доследно загревање, па неколку дена работење со 70-80% од вашиот максимум дури потоа да преминеме на 100% од вашиот потенцијал.

Додека во исхраната уште во првиот момент кога можеме, продолжуваме со правилен начин на хранење.

За исхраната е полесно бидејќи ние треба во тек на цел ден да јадеме правилно, а само кога ќе биде настанот, дали е славењето во кафеана предновогодишно, дали е новогодишната вечер, бадниковата, Божиќ - само тој оброк е луксузен, а тоа не значи цел ден јадење без мерка и евиденција.

nutricionistot-i-fitnes-trener-ivica-janev-jabolkoviot-ocet-kje-pomogne-so-prejaduvanjeto-praznicite-ne-se-izgovor-za-celodnevno-jadenje-bez-merka-05.jpg

Постои ли според тебе пијалак што помага за детоксикација на организмот и кој е тоа?

Има многу голема употреба/злоупотреба баш на овој поим „детоксикација“ и од најразлични финансиски бенифити се прават различни маркетинг кампањи.

Нашето тело пред сè не содржи отрови, за толку да се форсираат некои напитоци кои „ќе ни помогнат“ во таа насока.

Еден единствен пијалак што ќе ти помогне да се „детоксицираш“ нема, не постои.

Може за одреден временски период од неколку дена или недели со одредена исхрана да се прочисти=детоксицира телото.

Да се исфрлат непотребни течности и задршки во нашиот организам но за тоа е потребно време од неколку недели.

Имено во оваа насока јас имав направено едно групно јавно водење на 10 клиенти со програма за прочистување или CLEANSING од 4 недели и сите 10 клиенти намалија значителна килажа од 4% до 13.6% од нивната стартна килажа, или дури 7 клиенти од 10 намалија над 9% од нивната стартна килажа (го има на мојот инстаграм од пред неколку години).

Тие исфрлија доста течности и задршки, а потоа намалија и маснотии, а скоро сите ја подобрија здравствената состојба. Пет од тие клиенти имаа проблеми со тироидна жлезда, а 3 со несоодветна крвна слика.

Сите ги подобрија своите првични резултати. Денес можам да кажам дека со дел од овие клиенти имам остварено резултат и до намалени над 40kg.

Еве линкови од објави од таа група на клиенти до каде стигнавме понатаму во соработката:

Со Сара намалено скоро 42kg за 7 месеци:

Со Kатерина намалено 26.4kg за 20 недели:

Со Сања намалено 12.8kg за 9 недели:

Твоја препорака на што треба најмногу да се внимава во исхраната во претпразничниот, а на што за време на празниците?

Постојано треба да се внимава што и колку јадеме! За кога ќе дојдат празници и ако јадеме нешто недозволено и повеќе од што треба да не предизвикаме голема штета на нашиот организам туку лесно тоа го надминеме.

Секогаш да се држиме до брзо варлива храна и да одбираме сложени јаглехидрати наместо прости (ориз наместо макарони, овошје наместо торта, пилешко наместо свинско, приготвено на скара наместо прженици и поховувана храна).

nutricionistot-i-fitnes-trener-ivica-janev-jabolkoviot-ocet-kje-pomogne-so-prejaduvanjeto-praznicite-ne-se-izgovor-za-celodnevno-jadenje-bez-merka-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело/фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...

Најчитани неделава