Фроска Каракутовска (73) прави ремек-дела од волна и сапун: „Оваа облека е неуништлива, достигнува цена и од неколку стотици евра“

„Влакната на волната имаат членчиња, како алки, на одредени места и кога тие добро ќе се закачат едни со други имате производ кој е скоро не уништлив од употреба. Сѐ што можете да замислите се може да се изработи. Без разлика дали станува збор за големи или мали парчиња облека. Во филц техника изработувам украси, чанти, шалови, прекривки, капути, шалови, марами... Неодамна син ми ми подари дигитална вага со прецизни мерења. Разликата помеѓу едниот и другиот чорап беше само 2 грама“ - вели во интервју за CRNOBELO.com, Фроска Каракутовска (73) од Пехчево која изработува ракотворби од волна во филц техника.

froska-karakutovska-rakotvorec-vo-filc-tehnika-oblekata-vo-filc-tehnika-e-neunistliva-i-zdrava-bidejki-e-od-volna-01.jpg

Фроска Каракутовска (73) од Пехчево и во пензионерските денови твори и создава уникатни парчиња облека, модни додатоци и декоративни елементи од волна во филц техника.

Каракутовска вели дека цел живот е поврзана со текстилната индустрија. По професија е текстилен моделар, па така до пред пензионирањето имала и своја конфекциска фабрика.

Целиот живот го поминала, во најголем дел, во родното Пехчево. Иако скоро деценија и половина ги ужива пензионерските денови, како што низ насмевка вели, никогаш не престанала да учи нешто ново.

Пред само 3 години случајно слушнала за тоа дека од волна и сапун може да се изработи сѐ што ќе замислиме од облека, прекривки, модни додатоци.

Почнала да се надоградува самоуко и за кратко време ги проучила сите детали на техниката филц.

froska-karakutovska-rakotvorec-vo-filc-tehnika-oblekata-vo-filc-tehnika-e-neunistliva-i-zdrava-bidejki-e-od-volna-02.jpg

Филц може да се работи и во водена и во сува техника, но ова што Фроска го претпочита е онаа со употреба на вода.

Посочува дека се што е изработено во филц техника, за разлика од плетењето, како на пример чорапи, се скоро неуништливи.

Фроска Каракутовска од најисточниот град во Македонија, Пехчево нескромно вели дека сите се воодушевени од нејзините изработки.

Истите тие во познатите зимски центри во соседството достигнуваат и неколку стотици евра. Каракутовска жали што е скоро единствена во Македонија која активно се занимава со ова.

Единствена желба и е да се најдат решенија како своето знаење да им го пренесе на младите генерации.

froska-karakutovska-rakotvorec-vo-filc-tehnika-oblekata-vo-filc-tehnika-e-neunistliva-i-zdrava-bidejki-e-od-volna-03.jpg

Во продолжение проследете го нејзиното интервју во целост:

Колку време поминувате во изработка на ракотворби од волна?

Како велат кај нас, чадор се купува кога врне па така некако е и со ова. Во овој период, зимскиот, кога и реално имаме потреба од топли парчиња облека побарувањата на луѓето се поголеми па и повеќе време поминувам во изработка на сѐ што можете да замислите од волна.

Оваа техника бара вложување во текот на целата година, а се почнува од подготвувањето на волната. Најтешкиот дел е кога волната треба да се однесе на река, да се измие со ладна вода, па да се попари во котли, па повторно да се исплакне со ладна вода.

Откако ќе се исуши по неколку денови се носи на влачење. За среќа на само неколку километри од Пехчево, во село Мачево, сѐ уште постои влачара. Откако волната ќе помине низ тој процес следува филц. Може да биде водена и сува техника.

Повеќето изработки на капути, шалови, ракавици, џемпери, чорапи ми се во водена техника.

Влакната на волната имаат членчиња, како алки, на одредени места и кога тие добро ќе се закачат едни со други имате производ кој е скоро не уништлив од употреба.

Волната се мокри со вода и сапун и се тапка да се закачат т.н членчиња. Следува моделирањето на калап, ако е на пример за калчуни, чорапи и слично. Капутите и тоа си бараат некаде да има и шиење, односно спојување на деловите, но кога на крај ќе го видите производот не знаете каде и дали воопшто е шиено.

Интересно е што пар калчуни ги изработувам за само еден ден. Најчесто тие се целосно бели, а шарата ја правам со друга тенка игла со која преку боцкање ја внесувам волната во боја и така ја правам шарата.

Неодамна син ми ми подари дигитална вага со прецизни мерења. Разликата помеѓу едниот и другиот чорап беше само 2 грама.

froska-karakutovska-rakotvorec-vo-filc-tehnika-oblekata-vo-filc-tehnika-e-neunistliva-i-zdrava-bidejki-e-od-volna-04.jpg

Во каква техника се изработени сите ваши ракотворби од природна волна?

Сите ракотворби од природна волна се во филц техника, како што реков, најчесто тоа е во водена техника. Морам да додадам дека мора да се работи внимателно, бидејќи ако еднаш го погрешите нештото скоро е невозможно да го поправите.

Еднаш сакав да растурам веќе готов производ, но никако не можев.

Тоа само потврдува дека сѐ што е во филц техника има долготрајност. Предноста на облека или што и да е од природна волна е што и дава на кожата да дише, а со тоа и не се потиме.

froska-karakutovska-rakotvorec-vo-filc-tehnika-oblekata-vo-filc-tehnika-e-neunistliva-i-zdrava-bidejki-e-od-volna-05.jpg

Од кого ја научивте оваа техника на изработка и како тече процесот на создавање на едно парче уметност?

Пред три години некаде бев дел од една работилница на која се промовираа рачни изработки и техники. Една од нив која ми го привлече вниманието беше токму филц техниката.

Она што ми падна во очи, професионална деформација, е дека многу од изработките имаа недостатоци и не беа совршени.

Седнав пред компјутер и отворив интернет. Почнав да го проучувам целиот процес и за брзо време почнав да ги правам првите, за среќа успешни обиди.

Јас сум човек кој кога ќе реши нешто да направи го прави тоа. Упорност и постојано учење е само гаранција за успех.

froska-karakutovska-rakotvorec-vo-filc-tehnika-oblekata-vo-filc-tehnika-e-neunistliva-i-zdrava-bidejki-e-od-volna-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вики Чадиковска за стилот и убавината: „Се будам во 5 часот со цеден лимон и вода, се откажав од сла... „Тања Кокев го изработи фустанот за еден важен семеен настан и буквално ја прене...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg