Сашо Спасовски трча маратони низ цел свет: „Од Скопје и Виена до Африка и Кина – трчам секаде каде што патувам“

„Имам трчано скоро на сите места кај што сум имал можност низ светов. Од плажи и улици низ Африка како во Габон, Чад, Конго итн. до земјите во Азија кои ги имам посетено како Малезија, трчање покрај плажа во Брунеј, уживање во погледите на Сингапур и трчање низ Марина Беј, Дубаи, Кина... Според груба пресметка во овие 5 години имам истрчано околу 40-тина полумаратони, 4 маратони, околу 30 до 40 трки на 10 км и околу 20 трки на 5км“, споделува Сашо Спасовски (38) од Скопје за CRNOBELO.com.

sasho-spasovski-01.jpg

Сашо Спасовски (38), e вљубеник во патувања и со него во една пригода веќе проговоривме на таа тема, но е вљубеник и во трчање, а во последно време омилено му е да ги комбинира овие две свои страсти, односно да трча маратони на разни дестинации низ светот.

Овој спорт е негова пасија.

Сашо по занимање е машински инженер, а во последниве 12 години претежно е на службени патувања надвор од нашата земја.

Претходно работел 6-7 години во нафтената индустрија и патувал низ земјите во Африка, Азија и понекогаш Европа како најчести дестинации.

Во последниве 5 години е дел од автомобилска индустрија и работи за кинеска компанија, каде што е директно одговорен за квалитетот и поддршката кон клиентите. Исто така има и улога за поддршка кон ширење на бизнисот во Европа, на позиција како координатор на регион на Европа во соработка со тим од целиот свет, со главна локација на фабриките во Кина и Тајван.

За неговата пасија – трчањето, Сашо открива за CRNOBELO.com:

Од кога трчаш? Зошто токму трчање како спорт?

Би рекол дека откако знам за себе сум спортски активен со повеќе видови на спорт.

Покрај трчањето како главна тема на разговоров, би додал дека уживам и во возење велосипед кој го практикувам повеќе од 10 години, исто така и подолго време бев активен со мал фудбал и повремено со планинарење.

Мојата најголема пасија е сепак трчањето, го практикувам веќе 15-тина години со рекреативно повремено трчање низ нашиот кеј или каде и да имам можност да бидам, а пред точно 5 години сосема случајно за првпат се пријавив на официјална трка во Бејрут, Либан.

Трчањето почнав да го преферирам поради професионални и фамилијарни обврски, бидејќи тоа ми одземаше најмалку време во денот од сите спортови. Едноставно облечи ги патиките и соодветната облека, направи истегнување и почни да трчаш.

sasho-spasovski-10.jpeg

Започнав како и секој почетник без мерење со часовник, со обични патики и какво било парче спортска гардероба. Со тек на времето ја навикнуваме секоја точка на кејот и ни станува добропознато на која оддалеченост се наоѓа, едноставно излегував и сакав да трчам и да сум спортски активен. Ја сакам и интеракцијата со луѓето, затоа убава е енергијата кога ќе сретнам некој познајник на кејот и ќе поминеме заедничко време во трчање и разговор.

Тие кои трчаат им е добро познато чувството на добар туш за опуштање после трчанка, како позитивно започнување на денот. Покрај нашиот кеј, исто така секогаш гледам да најдам можност да истрчам и низ земјите каде што патувам без разлика дали е приватно или деловно.

Во градовите надвор покрај трчањето ќе можеш да искусиш нови места за трчање, да го разгледаш градот и да искусиш како останатите градови и народи живеат со трчањето како животен стил.

sasho-spasovski-09.jpeg

Како започна со трчањето по маратони?

Веќе 15-тина години рекреативно трчам секаде каде што ќе имам можност, а пред 5 години во ноември 2017 ја истрчав првата официјална трка. Тоа време бев на проект во Бејрут, Либан кој траеше 2 месеца и случајно видов билборд кој го најавуваше маратонот.

Со помош на еден мој пријател Либанец ми помогна да се пријавам и во тек на пријавувањето на пултот имаше интересна ситуација која често ја раскажувам, дали да изберам полумаратон или маратон, воопшто не знаејќи каква тежина се и двете дисциплини.

На крај по 15 минути мислење пресудно беше да изберам полумаратон кажувајќи си на себе „зошто да дадам 80 долари за маратон кога можам за 40 долари да изберам полумаратон и пак да бидам дел од официјална трка“. После 5 години многу би сакал да знам каков ќе беше резултатот ако пријавев маратон 42.2 км на сосема непозната дистанца.

Тогаш за првпат на финиш линијата го доживеав чувството на чиста среќа како е да се победиш себеси на официјална полумаратонска трка, која ја завршив со време 1 час и 44 минути.

Благодарен сум и на Скопски Маратон кои тогаш мојата прва истрчана трка ја постираа на нивната страница.

После оваа трка започна страста и приказната за трчањето и овој спорт ми стана пасија со голема посвета, а кога нешто го правиме со пасија, голема желба и упорност сè е остварливо во животот.

sasho-spasovski-11.jpeg

Доколку сте го избрале трчањето, секојдневно треба да учите нешто ново за вас и вашето тело, да сте константни, да работите на слабите точки, да истражувате што е најдобро за напредок на вашето тело и начинот на живот за да имате напредок во трчањето, доколку тоа е вашата цел.

Мојата цел е сам на себе со свој план и стратегија да си докажам дека можам да достигнам до цели кои некогаш биле незамисливи, со едукација и анализа самиот да си ги кројам програмите за трчање за да ја достигнам целта која ми е поставена.

sasho-spasovski-08.jpg

На почеток истражував тренинг програми, ги модифицирав според мојот начин на живот запознавајќи го и ритамот на моето тело, бидејќи секое тело има свои индивидуални карактеристики и треба да научиме што е најдобро за нас. Покрај програмата за трчање, исто така битна е и исхраната, доволен одмор, а и редовни масажи доколку сакаме ефективен напредок.

Многупати и телото ни дава сигнали кои треба да ги пратиме, затоа и програмите треба да се конкретни за секоја индивидуа според начинот на живот кој го води.

Но, за оние кои сега почнуваат или се нови во трчањето доволно е да облечат патики и спортска облека да излезат и уживаат, постепено ритамот на формата се менува и се станува подобар.

sasho-spasovski-07.jpeg

Позитивни и негативни страни на овој спорт?

Како што веќе споменав погоре, секој кој спортува ќе се сложи дека каква било активност носи позитивен и здрав бенефит за своето тело. Кога сме спортски активни добиваме за возврат подобра форма, позитивна енергија, зајакнување на менталниот склоп, здравје кон кардиоваскуларните органи и генерално целото тело, но и подобар изглед за кој верувам дека секој од нас сака да го постигне.

Дистанците од полумаратони и маратони кои ги трчаме си бараат многу посветеност за успешно да завршиме некоја трка. Си задаваме цели кои сакаме да ги оствариме и тоа нè учи да сме посилни, да си ги запознаеме слабостите, да научиме да сме издржливи, да работиме на нашиот ментален склоп и во најтешките моменти да знаеме да се избориме со околностите.

sasho-spasovski-trcha-maratoni-niz-cel-svet-od-skopje-i-viena-do-afrika-i-kina-trcham-sekade-kade-shto-patuvam-02.jpg

Кога задаваме цели, тоа е нешто кое нè мотивира да трчаме редовно со цел да ги достигнеме, бидејќи нема послатко чувство од остварена цел и соборен личен резултат.

Битен фактор кој не мотивира е пријавувањето на трка, веднаш штом го направите тоа веќе имате план и агенда за наредниот период за каква трка треба да се подготвувате, каде ќе биде вашиот фокус и кое време сакате да го постигнете.

Има уште многу позитивни страни за трчањето за кое може да се зборува, да излезете и да истрчате тоа влијае на расположението во тек на денот, а тоа можете да го правите тоа на кое било место.

Негативни страни во трчањето, за среќа, не можеме да наброиме многу, најголемата негативна страна е несакана повреда при поголем интензитет на трчање доколку не се внимава на одморот, истегнувањето, префорсираност итн.

Но и за тоа постојат методи да се избегне, со правилно истегнување на телото, зајакнување на корот на телото и изедначување на силата на горниот и долен дел од телото добиваме целосно зајакнување и тоа ги намалува несаканите повреди.

Постојат техники како јога, квалитетна масажа, теретана, фитнес тренинзи итн. кои помагаат да сме посилни и помалку склони на повреди.

sasho-spasovski-02.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg