„На 68 години, во пензија, никогаш не сум се чувствувала поживо. А најголемиот успех? Тоа што моите синови се добри луѓе. А ако сакаш да одгледаш силно, свесно дете - прво мораш ти да бидеш таа личност. Тоа беше мојата најголема лекција како мајка“, вели Наде Молеровиќ (68), професор по историја, поранешен директор на две основни училишта, мотивациски говорник за деца и млади, тренер за наставници и директори.