Милјана Ѓуровска е модна дама што живее во Германија - верува дека елеганцијата доаѓа однатре (фото)
- Детали
- сабота, 04 април 2026
„Моите највпечатливи изданија биле на модни настани во Париз, како и на луксузни вечерни случувања во Германија, каде сакам да експериментирам со архитектонски кроеви и драматични силуети“, вели Милјана Ѓуровска (46), која е родена во Македонија, а живее во Германија.

Милјана Ѓуровска (46) e родена сум во Македонија, но моментално живее и работи во Германија.
Вели дека потекнува од семејство кое ја научило на вредности, култура и почит – темели кои денес се рефлектираат и во нејзиниот личен стил и начин на живот.
Таа е дама со впечатлив моден стил, чиј заштитен знак е елеганцијата.
За нејзиниот моден стил и кариера, Милјана споделува за CRNOBELO.com:
„Кариерата ја градам во две комплементарни сфери – како организатор на настани, со фокус на креативна концепција и беспрекорна реализација, и како специјалист за поддршка на клиенти, каде што приоритет ми е професионалната комуникација и високото ниво на услуга.

Важам за жена со префинет и одмерен моден стил.
Мојот стил би го опишала како софистициран, женствен и безвременски, со модерна нота.

Не сакам претераност – верувам во моќта на чистите линии, квалитетните материјали и внимателно одбраните детали.
Елеганцијата и уредноста за мене не се само надворешен изглед, туку став. Начин на однесување. Почит кон себе и кон околината.

Една жена кога е уредна и средена, испраќа порака дека се цени себеси, а тоа веднаш се чувствува.

Моите омилени модни додатоци се очилата за сонце, впечатливите обетки и чевлите.

Имам колекција од повеќе пара чевли, бидејќи сметам дека добриот чевел го дефинира целиот изглед.

Исто така, поседувам богата колекција на обетки – секогаш одбирам модел што ќе даде карактер на комбинацијата.
За излегување вообичаено се подготвувам околу еден час, но сè зависи од настанот. За модни настани или свечени пригоди знам да одвојам и повеќе време, бидејќи внимавам на секој детаљ.
