„Без филтер“ со Силви и Влатко: „Ми дал многу бескорисни подароци, а најубав поклон ми е мојата Деа“
- Детали
- сабота, 15 ноември 2025
„Има многу бескорисни подароци што ми ги дал Влатко, ха-ха, а најубавиот, секако е мојата Деа“, вели Силви, додека Влатко на прашањето „Која е последната лага што ѝ ја кажал на сопругата?“, низ смеа признава: „Аааа, многу има“.

Цели 25 години Силви и Влатко Плевнеш ја забавуваат публиката со својата музика, познати како „Силви бенд“.
И скоро и да не постои ситуација кога ќе ја видите Силви без Влатко, или пак Влатко без Силви - тие се неразделни и на сцената и во приватниот живот.
Па, така беше и овој пат, кога двајцата сопружници одговараа на кратки прашања во нашата видео-рубрика „Без филтер“.

„Јас сум прилично вешта во хобија кои ми причинуваат големо задоволство. На пример, многу сакам да декорирам, работам во градина...
Инаку, јас сум бивш спортист, тренирав ритмичка гимнастика, партер, двовисински разбој, греда, бев и балерина“, ни откри Силви за своите скриени таленти кои не се поврзани со музиката.
Погледнете го видеото-интервјуто, со многу позитивна енергија и смеа:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
