„Без филтер“ со Таско: „Си ги мразам нозете зашто ми се многу послаби од горниот дел на телото“
- Детали
- понеделник, 22 декември 2025
Кога на Таско без најава му кажавме „на лице место“ да смисли стихови за песна што би ја посветил на ќерката Кирјана, се подзамисли, па изрецитира: „Кога животот те бутка и би требало деновите да здивнат, јас ќе бидат тука позади тебе за да те дигнам“. Што друго ни откри „без филтер“ за CRNOBELO.com?

Aко синот Лукијан еден ден реши да биде рапер, вели дека ќе го поддржи безрезервно.
Во видео интервјуто Христијан Тасковски - Таско ни откри зошто најмногу си ги мрази нозете, но и што би правел ако пред него се појави неговиот двојник од паралелен универзум.

Запрашан која е најчудната навика што ја има и за која никој не знае, освен можеби сопругата, ни кажа:
„Си ја ставам главата во ладна вода по една минута секое сабајле.

Погледнете го забавното видео-интервју со Таско:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
