Некогаш и денес: Како изгледале првите модели на популарните автомобилски брендови?
Познатиот автомобилски бренд BMW го направил својот прв автомобили во далечната 1927-ма – знаете ли како изгледа?

Првиот модерен (и практичен) автомобил бил направен од страна на Германецот Карл Бенз во далечната 1885 година.
Воедно, ова е и првиот автомобил кој бил пуштен во производство, односно биле направени повеќе модели, а не само прототип.
Не треба да ви објаснуваме колку напреднала и колку се променила автомобилската индустрија оттогаш.
Но, секогаш е забавно да се направи споредба помеѓу првите и поновите модели на познатите автомобилски брендови.