На спектакуларен начин вчера промовирана новата S-Class во Хамбург

Новата S-Class, „најдобриот“ со многу симболика претставена во AIRBUS центарот, каде најголемиот патнички авион во светот AIRBUS 380, им се предава на купувачите.

na-spektakularen-nacin-vcera-promovirana-novata-s-class-vo-hamburg-001

На спектакуларен начин синоќа беше промовиран лидерот во овој сегмент и воопшто автомобил кој претставува поим за совршенство и лускуз, новата Mercedes S-Class. Со специјален лет на DHL, со Airbus A300-600 беше донесена новата S-Class во Хамбург директно од фабриката во Штудгарт.

Пред околу 750 гости од ширум светот, од делот на политиката, бизнисот и медиумите присуствуваа на овој историски датум за Mercedes, кога е претставен досега најдобриот модел и кој постави нови стандарди во класата на луксузни автомобили.

Правиот патник кој стигна на промоцијата беше познатата американска пејачка Alicia Keys.

Идентично како што Airbus A380 поставува нови стандарди меѓу патничките авиони, така и новата S-Class е технолошки лидер во развојот на автомобилската индустрија. „Без оглед на тоа дали станува збор за безбедност или дизајн, моќност или ефикасност, удобност или динамика, нашата цел беше постигнување – најдоброто или ништо во секој поглед. Ниту еден друг автомобил не го покажува ветувањето на својот бренд, како што тоа го покажува Mercedes S-Class“, изјави претседател на УО на Дајмлер и директор на Mercedes-Benz, патнички возила, д-р Дитер Цече.

na-spektakularen-nacin-vcera-promovirana-novata-s-class-vo-hamburg-1

Новата S-Class e вистински урнек за модерно луксузно возило. Тоа претставува ексклузивна прва класа на мобилна канцеларија, но и место за уживање. Седиштата поседуваат посебна функција на масажа, заснована на принципот на масажа со вжештени камења, потоа активна вентилација на седиштата, индивидуално прилагодување на музичкиот систем во возилото, прво возило во светот кое користи целосно LED технологија, како надвор, така и внатре во возилото.

Што се однесува до ефикасноста на возилото, на пример, верзијата S 300 BlueTEC HYBRID троши 4,4 литри на 100 изминати километри, имајќи предвид дека возилото има вкупно 224 кс, заедно со електричниот мотор.

На иновациите во ова возило им нема крај, но особено е важно да се напомене и дека ова е прво возило кое може да ги скенира сите нерамнини на патот со помош на стерео камера и според тоа да се прилагоди амортизација на возилото за да се помине патот со исклучителна удобност. Во Mercedes ова го нарекуваат „Волшебна контрола на каросеријата“.

Исто така, новата S-Class e најаеродинамично возило во својата класа, но и меѓу сите останати автомобили воопшто со неверојатно низок коефициент на отпор на воздух, кој изнесува само Cd=0,23, што значи ниска потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи, но и ниска бучава од струењето на воздухот.

Моделот ќе се произведува во 4 различни типови: како седанска долга и скратена верзија, потоа како купе, но и како кабрио.

na-spektakularen-nacin-vcera-promovirana-novata-s-class-vo-hamburg-2

na-spektakularen-nacin-vcera-promovirana-novata-s-class-vo-hamburg-3

na-spektakularen-nacin-vcera-promovirana-novata-s-class-vo-hamburg-4

na-spektakularen-nacin-vcera-promovirana-novata-s-class-vo-hamburg-5

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg