Кола како нова!

Мак Аутостар со „скриена камера“почнува акција „Кола како Нова“ за враќање на сјајот на користените автомобили.

kako-nova-shansa-za-vashiot-milenik-1

Дали автомобилот е само обично превозно средство или нешто повеќе? Според реакциите на луѓето, очигледно е дека автомобилот е дефинитивно нешто повеќе. Така велат и многу истражувања, меѓу кои и неколку студии за потрошувачите, според кои се вели дека автомобилот побудува длабоки емоции кај нивните сопственици, односно тој е израз на нивната личност.

Замислете кога сопственикот ќе види гребнатинка на својот автомобил, како тој реагира?

Не треба да замислите, туку тоа можете да го видите на „скриена камера“ како дел од промотивната акција наречена „Кола како нова“, на компанијата Мак Аутостар, за враќање сјајот на користените возила. На овој начин се потсетуваат сопствениците на возилата без разлика на кој автомобилски бренд и да е, дека постои привлечна понуда за нега на возилата..

За таа цел специјално е изработена веб страната www.kakonova.com, каде се наоѓаат неколку интересни видеа снимани во стилот на скриена камера на неколку локации во Скопје, каде можете да ги видите како сопственици реагираат кога ќе видат гребнатина на својот автомобил.

kako-nova-shansa-za-vashiot-milenik-3

Сепак, тоа не се вистински гребнатини, туку фолија - имитација на гребнатини, со која се потсетуваат сопствениците дека не треба да се грижат за веќе постоечките гребнатини, бидејќи Мак Аутостар во секое време може возилото да го поправи и да биде како ново.

Мак Аутостар нуди неколку пакети на услуги во кои се опфатени поправки на гребнатини настанати со тек на времето при користење на возилото.

 На специјално отворената страна www.kakonova.com можете да бидете во тек со сегашните и идните понуди како и изненадувања врзани со негата на Вашето возило.

Aвтолимарскиот сервис на Мак Аутостар е еден од единствените од ваков тип во државава, кој поседува и применува најсовремена опрема и процедури за поправка на возилата, користи фарбарски материјали од марката PPG, a за реализација на сето тоа, ангажиран е стручен кадар, посебно обучуван во тренинг центрите на Mercedes и PPG.

Под мотото „Сакам кола како нова“, тимот на Мак Аутостар Ве очекува за сета нега на Вашето возило.

kako-nova-shansa-za-vashiot-milenik-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg