Првиот електрохибриден теренец во светот, Mitsubishi Outlander PHEV пристигна во Македонија

Mitsubishi Outlander PHEV претставува иновативен автомобил и е комбинација на целосно електрично SUV возило со погон на 4 тркала и перформанси кои овозможуваат висока моќност, економичност, но и ниска емисија на штетни материи.

prviot-elektrohibriden-terenec-vo-svetot-mitsubishi-outlander-phev-pristigna-vo-makedonija-01

Тоа што го прави различен од останатите хибридни возила е можноста да се движи самостојно како електрично возило до опсег од 52 км и истото може да се полни на стандарден приклучок за струја, но и при вклучено возило во мирување, во движење или при сопирање.

Outlander PHEV (plug-in hybrid) поседува два погонски електромотори, сместени во предниот и задниот дел на возилото, секој со моќност од 60 kW.

Исто така, како погон возилото поседува и мотор со внатрешно согорување со моќност од 89 kW (121 КС). При комбинирано движење со помош на електричните мотори и моторот со внатрешно согорување, просечна потрошувачка на гориво изнесува 1,9 литри/100 км.

„Вистински новитет, иновација за респект, момент кој со сигурност ќе и даде друг тек на иднината, за користење на електрични возила или други автомобили со алтернативен погон, наместо досегашните традиционални нафтени горива“, изјави директорот за маркетинг на Mitsubishi Motors Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

prviot-elektrohibriden-terenec-vo-svetot-mitsubishi-outlander-phev-pristigna-vo-makedonija-03

Како функционира Outlander PHEV?

Режимот на возење се прилагодува автоматски, врз основа на условите на движење на возилото. Така на пример, Outlander PHEV може да се движи како електрично возило, при што електромоторите го задвижуваат возилото со помош на електричната енергија добиена од батеријата, што од друга страна резултира со нула потрошувачка на гориво и нула емисија на CO2. Движењето е сосема тивко, но моќно при што максималната брзина на движење изнесува 120 км/час.

Во случај кога нивото на струја во батеријата е ниско, се вклучува моторот со внатрешно согорување, кој создава електрична енергија и повторно ги задвижува електромоторите, а тие возилото.

Кога возилото се движи при големи брзини и притоа е неопходно дополнителна моќност, тогаш се вклучуваат сите агрегати, односно двата електромотори и моторот со внатрешно согорорување.

Како се полни?

Батеријата се полни на стандарден приклучок за струја или при вклучено возило во мирување или во движење.Батеријата може да се наполни до дури 80% од капацитетот или за 30 минути при т.н. „брзо полнење“. При полнење на стандардне приклучок, времетраењето изнесува 5 часа.Интересно е уште една опција за полнење, односно може со само 3 литри гориво или 40 минути работа на возилото во место да се наполни дури 80% од капацитетот на батеријата.

prviot-elektrohibriden-terenec-vo-svetot-mitsubishi-outlander-phev-pristigna-vo-makedonija-05

Далечинско управување преку смартфон

Можете да го употребите Вашиот смартфон за далечинска контрола на времето на полнење, нагодување на часот за почеток на полнењето, како и мониторирање на времето неопходно за полнење и др. Апликацијата Mitsubishi Remote Control, исто така, овозможува моментно или одложено активирање на електричното греење.

Инаку, Mitsubishi Outlander PHEV се појави како вистински хит во некои западни држави, како што е примерот со Холандија, каде за само 6 месеци се продадени над 10.000 возила.

Награди

За мошне кусо време, Outlander PHEV освои серија награди и признанија, како што е наградата „ Автомобил на годината во Јапонија“ - за најдобра иновација, потоа автомобилските новинари во Јапонија му доделија признание на Outlander PHEV за „Технологија на Годината 2014“, а британците го наградија за „иновација во заштита на животната средина“.

prviot-elektrohibriden-terenec-vo-svetot-mitsubishi-outlander-phev-pristigna-vo-makedonija-04

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg