ŠKODA во Велика Британија по четврти пат настапува на легендарниот фестивал Goodwood

ŠKODA приреди многу изненадувања и уште еднаш го прикажа својот спортски карактер на овогодишното издание на фестивалот Goodwood. Брендот ги претстави дизајнерските концепти ŠKODA Yeti XTreme and ŠKODA VisionC, а рели автомобилот Škoda Fabia Super 2000 и рекордерот ŠKODA Octavia vRS Bonneville се појавија на тркачката патека и предизвикаа голема возбуда кај посетителите. Додека вљубениците во велосипедизмот имаа можност оваа година за прв пат да уживаат со велосипедите на ŠKODA.

skoda-vo-velika-britanija-po-cetvrti-pat-nastapuva-na-legendarniot-festival-goodwood-01.jpg

21та трка на легендарниот фестивал Goodwood се случи од 26 до 29 јуни. ŠKODA UK е партнер на Goodwood веќе 4 години по ред, фестивал кој секоја година го посетуваат околу 200 000 вљубеници во автомобилите и воедно е најголема светска моторспорт атракција. Олдтајмери и модерни автомобили од сите категории се претставуваат на тркачка патека долга 1.7km.

"ŠKODA е едно од големите имиња на меѓународниот мотоспорт изминатите 113 години", изјави Вернер Еихорн, директор на продажба во ŠKODA, "Фестивалот Goodwood ​е апсолутен врв на годинашнава агенда на моторспорт трките. Во соработката со ŠKODA Велика Британија, имавме можност да ја преставиме нашата експертиза во технологијата и мотоспортот од една динамична и емотивна страна".

На ŠKODA павилјонот посетителите можеа да видат два концепти кои од Млада Болеслав беа наменети специјално за Велика Британија. Брендот ја трансформираше популарната изведба на компактниот SUV од ŠKODA Yeti Xtreme – која има солиден концепт со спортски карактер и со рели дизајн. Возилото за првпат беше прикажано пред неколку недели во GTI средбите во Вуртерзе.

Најважните дизајн моменти на Yeti Xtreme се: 17-инчните алуминиумски тркала, големи off-road гуми, затемнети стакла, моќни и маркантни браници, LED светла, изразени прагови и две широки издувни цевки. Ентериерот, исто така се карактеризира со соодветна рели опрема: четири Recaro спортски седишта, спортски управувач со можност за менување на степени на пренос, карбонски панели, алуминиумско подвозје, противпожарен апарат, како и специјално место каде што може да се постави iPad.

skoda-vo-velika-britanija-po-cetvrti-pat-nastapuva-na-legendarniot-festival-goodwood-04.jpg

Популарниот SUV на ŠKODA, неодамна го доживеа своето освежување, а во моментов актуелен е новиот Yeti со богата „Adventure“ опрема и со моќен 2.0 TDI мотор со 110 КС, кој секое патување го прави  возбудлива и незаборавна авантура.

На Goodwood ŠKODA го претстави и спектакуларниот дизајн концепт VisionC, кој пренесува чиста емоција. Фантастично дизајнираниот автомобил беше една од главните ѕвезди на овогодинешниот автомобилски саем во Женева, а сега, за прв пат  гостува во Велика Британија. Динамичното и елегантно концепт купе со пет врати може да се пофали со експресивен дизајн, минималистички линии и совршени пропорции.

Возилото го најавува следниот еволутивен чекор во дизајнерскиот израз на ŠKODA, и прикажува како во иднина ќе изгледа каросеријата на автомобилите со логото на ŠKODA. Покрај тоа, VisionC ги истакнува вредностите на брендот, во однос на функционалноста и грижата за околината. Автомобилот има пространа внатрешност, мотор кој користи иновативен природен гас и секако одлична аеродинамика.

skoda-vo-velika-britanija-po-cetvrti-pat-nastapuva-na-legendarniot-festival-goodwood-03.jpg

Покрај уживањето во спортските модели, ŠKODA на посетителите им понуди и фантастични трки на две тркала. Со тоа ŠKODA ги потсети посетителите на своите почетоци и на поврзаноста со велосипедите, како и на бројните активности кои ŠKODA ги презема како поддршка на  меѓународниот велосипедски спорт. Ова случување не беше нешто што само може да се гледа туку посетителите, имаа можност и да учествуваат на специјално дизајнираната патека во Goodwood со ŠKODA велосипедите.

Силна врска меѓу ŠKODA и велосипедизмот може да се види преку спонзорствата на познатите велосипедски трки како на пример најпознатата трка во Франција Тур де Франс. Во нашата земја ŠKODA Македонија и понатаму останува спонзор и официјално возило на „Маврово Тур“најпознатата македонска велосипедска трка. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg