3 необични ефикасни трикови за миење на автомобилот

Перењето автомобил не мора секогаш да биде досадно и напорно, посебно ако при тоа користите вотка или нешто газирано.

3-neobicni-efikasni-trikovi-za-mienje-na-avtomobilot-01

Пробајте некој од овие 3 необични трикови кои може да ги направите и дома, а вашиот автомобил ќе заблеска.

1. За сјај и заштита од дожд употребете регенератор за коса

Регенераторот за коса е идеален за сјајот на каросеријата. Нема да верувате како овој женски производ, може да ви се најде и за автомобилот.

Нанесете го на сунѓер, откако претходно ќе го измиете автомобилот за да се исчисти прашината и поминете по целата каросерија со благо триење.

Регенераторот делува како восок, па ќе забележите кога врне дека капките не се лепат туку само се лизгаат по површината.

2. Газиран пијалак против тврдокорни дамки на стаклата

Тврдокорните дамки на стаклото, како оние од инсекти и птичји измет не мора да ги стругате, туку може да ги уништите со некој евтин газиран сок.

Меурчињата ќе ги нагризат дамките и само со лесно бришење со крпата ќе ги отстраните.

3. Вотката како течност за стакла

Ако не ви се допаѓа средството кое го купувате за стакла, направете си сами многу поефикасно.

Измешајте 3 чаши од најевтината вотка и 4 чаши вода, па додајте 2 лажици детергент за миење садови со мирис кој ви се допаѓа.

Добро измешајте ги сите состојки и сипете ги во распрскувач. Вотката нема мирис, но содржи алкохол, кој во комбинација со детергентот за садови ќе направи стаклата да ви блескаат.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg