Пристигна новото Renault Twingo!

Oвластениот увозник и сервисер за моделите од Renault Nissan групацијата - Аутомотив Груп го изложи новиот градски автомобил RENAULT Twingo.

pristigna-novoto-renauld-twingo-01.jpg

По регионалната презентација во Белград, симболот на креативноста на Renault - новото Тwingo е веќе изложено во продажниот салон на Renault. Првиот впечаток е дека зрачи својот дизајн, живост и удобност во внатрешноста како и силниот карактер и е достано во четири популарни бои: сина, ледено бела, јако жолта и огнено црвена.

Неговата големина е предност за возење во град, а преместувањето на моторот во задниот дел го ослободува предниот дел и значително го подобрува радиусот на движење.

Новиот Twingo ги наследил извонредните маневарски способности за движење низ град, како и за паркирање со неколку потези со управувачот.

Конструкцијата со моторот во задниот дел го ослободува просторот во предниот дел. Ова овозможува да се скрати хаубата во корист на вн атрешниот простор што е достоен за повисок сегмент.

Удобноста во внатрешноста е нагласена со поставување на четири тркала на четирите агли на шасијата. Овој градски автомобил ја зголемува својата сестраност со тоа што за првпат нуди каросерија со пет врати.

pristigna-novoto-renauld-twingo-03.jpg

Новиот Тwingo го истакнува нагласениот преден дел со раскошни светла на подобрените трепкачи и двете линии на капакот на моторот. Овој изглед потсетува на RENAULT 5, а исто така, му носи на Тwingo две округли дневни светла.

Освен тоа, тој е инспириран и од клучните успеси на новиот Clio: со флуидни линии благодарение на скриените задни рачки и персонализација на куќиштетот на ретровизорите, страничните лајсни, предната маска и разни додатоци.

Изборот на бои и персонализацијата, како можност за додавање на проширени браници му овозможуваат на новиот Тwingo да има различен изглед: женски или машки, градски или спортски.

Дознајте повеќе веб страната на Renault како и Facebook фан страната.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg